Боранија
Боранија — незрели мешунки на разни сорти на гравот (Phaseolus vulgaris)[1][2] кои можат да бидат зелени или во други бои.
Во кулинарството
[уреди | уреди извор]Хранлива вредност на 100 г | |
---|---|
Енергија | 131 kJ (31 kcal) |
6,97 г | |
Влакна | 2,7 г |
0.22 г | |
1,83 г | |
Витамини | |
Витамин А (екв.) | (4 %) 35 μг |
Тиамин (Б1) | (7 %) 0,082 мг |
Рибофлавин (Б2) | (9 %) 0,104 мг |
Ниацин (Б3) | (5 %) 0,734 мг |
Пантот. кис. (Б5) | (5 %) 0,225 мг |
Витамин Б6 | (11 %) 0,141 мг |
Фолна кис. (Б9) | (8 %) 33 μг |
Витамин Ц | (15 %) 12,2 мг |
Витамин К | (14 %) 14,4 мг |
Минерали | |
Калциум | (4 %) 37 мг |
Железо | (8 %) 1,03 мг |
Магнезиум | (7 %) 25 мг |
Манган | (10 %) 0,216 мг |
Фосфор | (5 %) 38 мг |
Калиум | (4 %) 211 мг |
Цинк | (3 %) 0,24 мг |
Други состојки | |
Флуорид | 19 µг |
| |
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД. Извор: База за хранливост — USDA |
Боранијата се огледува ширум целиот свет. Се продава свежа, конзервирана и замрзната. Се пригодвува со барење, варење, пржење или печење.
Растението има висока концентрација на лектини кои можат да бидат штетни ако се внесуваат во големи количества без да бидат добро зготвени.
Во боранијата се среќава и флавинолот миквелијанин (кверцетински 3-O-гликуронид).[3]
Одгледување
[уреди | уреди извор]Боранијата се одгледува во два главни облика: ниски и високи сорти..[4]
Ниските се грмушести, високи од 1-1,5 м и немаат потреба од потпора. Созреваат бргу, веднаш даваат плод и потоа престануваат да раѓаат.
Високите пак растат исправено, а стеблата им се извиени на притки како ползавци.
Сорти
[уреди | уреди извор]Во светот се познати преку 130 сорти боранија.[5] Мешунките можат да бидат зелени, бледожолти, виолетови, црвени или со шарени траги. По облик можат да бидат шилести, тркалезни или широки.
Мешунките кај многу (иако не сите) сорти имаат цврста жила долж мешунката која се отстранува пред готвењето поради жилавоста или се избегнува со сецкањето на мешунката.
Најзастапени сорти во Македонија се следниве (по азбучен ред):[6]
- италијанска боранија
- кинеска боранија
- лоди
- нерина
- тибер
- унидор
- фруидор
- шумадинка
Производство
[уреди | уреди извор]Република Македонија има значајно производство на боранија, со речиси 10.947 тони во 2007 г., што сепак претставува пад споредено со 15.308 тони во 1995 и 19.423 тони во 1992 г.[7]
Според Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО), во 2012 г. најголеми произведувачи на боранија (во тони) се следниве земји:[8]
Место | Земја | Производство (во тони) |
---|---|---|
1 | НР Кина | 16.200.000 |
2 | Индонезија | 871.170 |
3 | Индија | 620.000 |
4 | Турција | 614.965 |
5 | Тајланд | 305.000 |
6 | Египет | 251.279 |
7 | Шпанија | 165.400 |
8 | Италија | 134.124 |
9 | Мароко | 133.744 |
10 | Бангладеш | 94.356 |
Цел свет | 20.742.857 |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Green Beans“. Архивирано од изворникот на 2016-08-02. Посетено на 2015-03-11.
- ↑ „Beans - Vegetable Directory - Watch Your Garden Grow - University of Illinois Extension“.
- ↑ Antioxidant properties of flavonol glycosides from green beans. Plumb G.W., Price K.R. and Williamson G., Redox Report, Volume 4, Number 3, June 1999, стр. 123-127, doi:10.1179/135100099101534800
- ↑ McGee, Rose Marie Nichols; Stuckey, Maggie (2002). The Bountiful Container. Workman Publishing.
- ↑ Facciola, Stephen (1998). Cornucopia II : a source book of edible plants. Kampong Publications. ISBN 0-9628087-2-5.
- ↑ „Боранија - здрав и лековит зеленчук“. Живеј Здраво!. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 11 март 2015.
- ↑ „Производство на боранија во Република Македонија од 1992 до 2007 г.“. Организација за исхрана и земјоделство на ООН. Посетено на 11 март 2015. (англиски)
- ↑ „Производство на боранија по земји“. Организација за исхрана и земјоделство на ООН. 2011. Архивирано од изворникот на 2011-07-13. Посетено на 2015-02-02. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Боранија“ на Ризницата ? |
- Боранија - здрав и лековит зеленчук Архивирано на 5 март 2016 г. — „Живеј здраво!“ (македонски)
- Боранија - мешунка богата со витамин К Архивирано на 19 мај 2015 г. — „Здравје и убавина“ (македонски)
- Рецепти со боранија Архивирано на 20 март 2014 г. — „Мои рецепти“ (македонски)