Витамин А

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Витаминот А (или ретинол) е првиот откриен витамин, па затоа е именуван со првата буква од латиницата. За првпат бил препознаен во 1913 година[1]. Тој е особено важен за одржување на видот (на очите), за добрата состојба на коските, кожата, косата, забите и непцата. Без доволно витамин А, организмот е посклон кон инфекции.

Витамин А
All-trans-Retinol2.svg
Назнаки
68-26-8 X mark.svgН
Jmol-3D слики Слика
PubChem 1071
Својства
Молекулска формула C20H30O
Моларна маса 286.45 g/mol
Освен каде што е поинаку назначено, податоците се однесуваат за материјалите во нивната стандардна состојба (при 25 ° C, 100 kPa)
Наводи

Улога[уреди | уреди извор]

На нашето тело му е потребен витаминот А за да се произведе родопсин, односно пигмент кој ни помага да гледаме кога е темно. Овој витамин игра важна улога во имунолошкиот систем и нѐ чува од бактериски, паразитски и вирусни инфекции. Поради ова, витаминот А е особено значаен при прележувањето на сипаници кај децата.

Тој помага устата, дигестивниот и респираторниот систем да бидат влажни и на тој начин го спречува навлегувањето на надворешни организми и отрови, како и да лечи воспаленија или пост инфекции.

Овој витамин е еден од најактивните антиоксиданси, а помага и во заштитата на кожата од штетните сончеви зраци. Особено е важен во лекувањето на акни и мали брчки.

Докажано е дека витаминот А дејствува профилактично кај некои видови рак, помага за намалување на нивото на лош холестерол и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

Недостигот на овој витамин, иако е реткост, сепак се појавува. Притоа, најризични групи се луѓето болни од рак, туберколоза, пневмонија, хронични болести на бубрезите или болести на простатата.

Некои од симптомите кои се појавуваат при дефицит на витамин А се:

  • Склоност кон вирусни инфекции
  • Ноќно слепило
  • Опаѓање на косата
  • Загуба на апетит
  • Проблеми со коските

Употреба[уреди | уреди извор]

Препорачаните дневни потреби на витамин А варираат, а во зависност од полот и возраста на лицето се:

  • Деца (3 години и помалку) – 300µg
  • Деца (4-8 години) – 400µg
  • Деца (9-13 години) – 600µg
  • Тинејџери (14-18 години) – 900µg
  • Возрасни (19 години и нагоре) – 900µg
  • Бремени жени (18 години и надолу) - 750µg
  • Бремени жени (18 години и нагоре) - 770µg
  • Доилки (18 години и надолу) – 1 200µg
  • Доилки (18 години и нагоре) – 1 300µg

Поради фактот дека постои голем ризик од интоксикација (хипервитаминоза А) со витамин А, максималните количества на витамин А кои можат да се примаат дневно се:

  • Деца (3 години и помалку) – 600µg
  • Деца (4-8 години) – 900µg
  • Деца (9-13 години) – 1 700µg
  • Тинејџери (14-18 години) – 2 800µg
  • Возрасни (19 години и нагоре) – 3 000µg
  • Бремени или доилки (18 години и надолу) – 2 800µg
  • Бремени или доилки (18 години и нагоре) – 3 000µg

Извори на витамин А[уреди | уреди извор]

Жолтото и темно зеленото овошје и зеленчук имаат високо количество на провитамин А, особено бета-каротен. Во некои плодови, како што се морковите, провитамините не се веднаш во состојба за апсорпција, бидејќи се врзани со протеини. Затоа е потребно претходно да се сварат.

Витаминот А го има во:

Витамниот А е стабилен кога ќе се изложи на топлина и светлина. Иако, при готвењето генерално не се уништува, може да се направи неактивен кога е изложен на влијание на железо и бакар. Заштитен е во присуство на витамин Е.

Последици од недостаток[уреди | уреди извор]

Првиот симптом од недостаток на витамин А е влошениот вид, кој се манифестира со ноќно слепило. Потоа, недоволниот телесен развиток на децата, проблеми со репродуктивниот систем кај возрасните, гингивитис, многу сува кожа и инфекции. Ако недостатокот е голем може да дојде и до спонтан абортус и анемија.

Наводи[уреди | уреди извор]

Шаблон:Link FA