Пантотенска киселина
Назив според МСЧПХ 3-[(2,4-dihydroxy-3,3-dimethylbutanoyl)amino]propanoic acid | |
| Назнаки | |
|---|---|
| 137-08-6 | |
| 3Д-модел (Jmol) | Слика |
| PubChem | 988 |
| |
| Својства | |
| Хемиска формула | |
| Моларна маса | 0 g mol−1 |
| Дополнителни податоци | |
| Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa) | |
| Наводи | |
Пантотенската киселина, понекогаш означувана и како витамин B5, е водорастворлив витамин кој се вбројува во групата на есенцијални хранливи состојки. Тој влегува во составот на сложениот коензим А (CoA) и е клучен во метаболизмот и синтезата на јаглехидрати, белковини и липиди. По хемиската структура, тој е амид образуван меѓу D-пантоат и бета-аланин. Името на оваа супстанца е изведено од грчкиот збор пантотен (παντόθεν) што значи од секаде, бидејќи мали количества на пантотенска киселина можат да се најдат во речиси секој тип на храна, и тоа најмногу во житарките, легумите, јајцата и месото. Најчесто се наоѓа во форма на својот алкохолен аналог - провитаминот пантенол и како калциум пантотенат. Пантотенската киселина е составен дел и на ацил носечките белковини.
Дневен внес
[уреди | уреди извор]| Возрасна група | Возраст | Потреби[1]
(во mg на ден) |
|---|---|---|
| Новороденчиња | 0–6 месеци | 1.7 |
| Новороденчиња | 7–12 месеци | 1.8 |
| Деца | 1–3 години | 2 |
| Деца | 4–8 години | 3 |
| Деца | 9-13.5 години | 4 |
| Адолесценти | 14–18 години | 5 |
| Возрасни мажи | 19 години и постари | 5 |
| Возрасни жени | 5 | |
| Бремени жени | 6 | |
| Жени-доилки | 7 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Dietary Reference Intakes for Thiamin, Riboflavin, Niacin, Vitamin B6, Folate, Vitamin B12, Pantothenic Acid, Biotin, and Choline. National Academy Press, 2000 http://books.nap.edu/catalog/6015.html
| Оваа статија од областа на биохемијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|