CAS-број

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

CAS-број (англ. CAS registry number, CAS RN)[1] — единствена бројчен назнака на Службата за хемиски изводи (Chemical Abstracts Service, CAS) за секоја хемикалија опишана во јавната научна литература (од 1957 до денес) и опфаќа елементи, изотопи, органски и неоргански соединенија, јони, органометали, метали, несоставни материјали (наречени „UVCB“ - материјали од непознат состав, менлив состав или биолошко потекло).[2]

Употреба[уреди | уреди извор]

Региастарот на CAS претставува меродавна и сеопфатна збирка на сите објавени информации за хемиските супстанции. Моментално содржи 56 милиони органски и неоргански супстанции и 62 милиони низи, како и дополнителни информации за секоја супстанција; секој ден во регистарот се додаваат 12.000 нови супстанции.[3]

Историски, хемикалиите имаат најразлични синоними. Честопати имињата се езотерични и се составуваат во склад со регионални обичаи на именување, нивните формули, состав или потекло. Позастапените хемикалии имаат и повеќе општи, историски, пазарни и/или улични имиња.

На пример, Хофмановата супстанција „∂-Lysergsäure-Diethylamid“ во CAS е заведена под името „Ergoline-8-carboxamide, 9,10-didehydro-N,N-diethyl-6-methyl-, (8β)“-
а во Мерковиот прирачник позната како „9,10-Didehydro-N,N-diethyl-6-methylergoline-8β-carboxamide“- -
а во текот на првичните фармацевтски иследувања го добила згодното дискретното име „ЛСД-25“.

Но подоцна, претпријатието Sandoz ја промовирал супстанцијата како лекарство, нарекувајќи ја „Делизид“ (во западниот свет). По 1963, Делизидот добил други пошарени маркетиншки имиња, првовремено збунувајќи ја полицијата и неупатените. Од 1989 наваму, ЛСД се користи за научни истражувања под едно од неговите историски имиња, „Лизергид“.

Од друга страна, CAS-броевите не се поврзани со хемијата, претходни системи, и немат воочливи фонетски аналогии и синоними. Бројките се прости и доследни, предвидени за лесно пребарување по базата на податоци.
Броевите им даваат доверлива, широко застапена и меѓународно признаена препознатливост на сите супстанции без оглед на разните номенклатури и дисциплини во употреба кај научнитете гранки, стопанските дејности и регулативните органи. Речиси сите денешни бази на молекули овозможуваат пребарување по CAS-број.

Формат[уреди | уреди извор]

CAS-броевите немаат сопствено значење, туку се доделуваат во последователен нагорен редослед. Бројот има три дела, одделени со цртички: првиот содржи до 7 цифри, вториот има две, а третиот има само една, која служи како контролна цифра. Контролнат цифра се добива со помножување на последната цифра со 1, претходната со 2, таа пред неа со 3 и тн, по што сите се собираат и се пресметува збирот модуло 10. На пример, CAS-бројот на водата е 7732-18-5: контролниот збир е 5, а се добива со (8·1 + 1·2 + 2·3 + 3·4 + 7·5 + 7·6) = 105; 105 mod 10 = 5.

Стандардизација и сложеност[уреди | уреди извор]

Изомери на една молекула добиваат дискретни CAS-броеви: D-глукозата е 50-99-7, L-глукозата е 921-60-8, α-D-глукозата е 26655-34-5 и тн.
• Повремено, цели класи на молекули добиваат еден CAS-број: групата ензими наречена алкохолдехидрогенази има број 9031-72-5.
• Стандардна мешавина од поинаку означени соединенија може да добие групен CAS-број; на пр. синапово масло (8007-40-7).

Сопственост[уреди | уреди извор]

Органот кој е надлежен за доделување на броевите е Службата за хемиски изводи (CAS), оддел на Американското хемиско друштво (ACS). Информациите се заштитени со авторски права, во сопственост на друштвото. Секој што сака да ги користи CAS-броевите во своја база треба да го следи правилото:

Корисник или организација може да постави, без лиценца и без наплата, до 10.000 CAS-броја (CASRN) во каталог, мрежно место или друг производ кој не се наплаќа. Треба да се наведе следново: CAS-бројот е заштитен знак на Американското хемиско друштво.[4]

Пребарување на CAS-броеви[уреди | уреди извор]

  • Пребарување со CHEMINDEX преку Канадскиот центар за здравје и безбедност при работа[5]
  • ChemIDplus - Напредно преку Националната медицинска библиотека на САД[6]
  • Секојдневна хемија TM[7] преку Австралискиот инвентар на хемиски супстанции[8]
  • Европски информативен систем за хемиски супстанции[9] преку мреж. место на Кралското хемичарско друштво[10]
  • HSNO - Хемиска класификациска информативна база преку Управата за раководство со ризици по животната средина[11]
  • Алатка за пребарување на Австралискиот инвентар на хемиски супстанции[12]

Занимливости[уреди | уреди извор]

Најмал CAS-број има формалдехидот: 50-00-0. Ова значи дека формалдехидот е веројатно првата супстанција што добила CAS-број.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Опис на регистерот CAS - Служба за хемиски изводи (англиски)
  2. Американско хемиско друштво. "Регистарот CAS и регистерски броеви CASRN". конс. 25 јули 2009.  (англиски)
  3. Број на супстанции во регистарот на CAS (англиски)
  4. Американско хемиско друштво (CAS) (18 јуни 2009). "Правила за употреба на информациите на CAS (важи од 2 јули 2009)". конс. 10 февруари 2010.  (англиски)
  5. Канадски центар за здравје и безбедност при работа. "Пребарување со CHEMINDEX". конс. 13 јули 2009.  (англиски)
  6. Национална медицинска библиотека на САД. "Напредно". конс. 1 декември 2009.  (англиски)
  7. Американско хемиско друштво. "Пребарување на супстанции". конс. 8 јули 2009.  (англиски)
  8. Национална шема за известување и оценка на индустриски хемикалии. "Подробна помош / напатствија за AICS". конс. 8 јули 2009.  (англиски)
  9. Здружен истражувачки центар на Европската комисија. "ESIS : Европски информативен систем за хемиски супстанции". конс. 11 јули 2009.  (англиски)
  10. Библиотека и информативен центар. "Пронаоѓање на CAS0-број". конс. 11 јули 2009.  (англиски)
  11. Управа за раководство со ризици по животната средина. "HSNO - Хемиска класификациска информативна база". конс. 14 јули 2009.  (англиски)
  12. Национална шема за известување и оценка на индустриски хемикалии. "Алатка за пребарување на AICS". конс. 11 јули 2009.  (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

CAS-бројот на соединенија со познато име, формула или состав ќе го добиете бесплатно на следниве места: