Прејди на содржината

Карфиол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карфиол
припитомен
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Brassicales
Семејство: Brassicaceae
Род: Brassica
Вид: B. oleracea
Сорта: Brassica oleracea var. botrytis
Карфиол, сиров
Хранлива вредност на 100 г
Енергија104 kJ (25 kcal)
5 г
Шеќери1,9 г
Влакна2 г
0.3 г
1,9 г
Витамини
Тиамин 1)
(4 %)
0,05 мг
Рибофлавин 2)
(5 %)
0,06 мг
Ниацин 3)
(3 %)
0,507 мг
Пантот. кис. 5)
(13 %)
0,667 мг
Витамин Б6
(14 %)
0,184 мг
Фолна кис. 9)
(14 %)
57 μг
Витамин Ц
(58 %)
48,2 мг
Витамин Е
(1 %)
0,08 мг
Витамин К
(15 %)
15,5 мг
Минерали
Калциум
(2 %)
22 мг
Железо
(3 %)
0,42 мг
Магнезиум
(4 %)
15 мг
Манган
(7 %)
0,155 мг
Фосфор
(6 %)
44 мг
Калиум
(6 %)
299 мг
Натриум
(2 %)
30 мг
Цинк
(3 %)
0,27 мг
Други состојки
Вода92 г

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Карфиол (Brassica oleracea var. botrytis) - една од одгледуваните сорти на дива зелка. Името потекнува од италијанскиот збор cavoli fiori.

Виолетов карфиол
Жолт карфиол
Туршија од краставички, моркови, карфиол и по некое зелено доматче

Карфиолот потекнува од Мала Азија и Средоземјето.

Карфиолот е едногодишно растение од семејството зелки, му припаѓа на групата на најквалитетен зеленчук кај кого за исхрана се користи неразвиено соцветие (глава), најчесто со бела боја. Карфиолот се одликува со задебелено и скратено стебло и сочна (најчесто бела) дршка соцветие, заради кое се одгледува. Наведените сочни делови на растението се користат во исхраната на човекот. Соцветието може да се јаде свежо, варено или како туршија.

Деловите кои се консумираат содржат многу сирови белковини со значителна содржина неопходни аминокиселини, витамина C, а особено витамина B2, железо и фосфор. Енергетската вредност на карфиолот е 98 кЈ.

Морфолошки особини

[уреди | уреди извор]
  • Коренот на карфиолот е вретенест и разгранет, послабо развиен отколку кај зелката.
  • Стеблото е со висина од 20 до 80 cm.
  • Листот е крупен, со елипсест облик, со мазна површина и назабени рабови.
  • Соцветието се формира кога карфиолот има 9 до 12 листа како резултат на интензивниот раст на вршната пупка. Соцветието е било, светложолто, зелено или црвено, а покриеноста со листови може да биде слаба, јака или целосна. Под дејство на директно сончево зрачење ја менува бојата, при што се губи квалитетот.
  • Цветот е ситен како и кај останатите зелки.
  • Соцветиеото е разгранета метелка.

Типови карфиол

[уреди | уреди извор]

Постојат следните типови карфиол:

  • ерфуртски
  • италијански
  • ран ерфуртски
  • снежна грутка
  • дански екснопм
  • доцен трогирски

Услови за одгледување

[уреди | уреди извор]

Карфиолот е осетлив на високи температури. Оптималната температура за растење му е 18 °C, додека на 25 °C доаѓа до запирање на растот и цветењето. Најдобро успева на средно тешки плодни земјишта со неутрално до слабо кисела реакција на земјиштето.[1]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Зелки

  1. Vincent A. Fritz; Carl J. Rosen; Michelle A. Grabowski; William D. Hutchison; Roger L. Becker; Cindy Tong; Jerry A. Wright & Terry T. Nennich (2017). „Growing broccoli, cabbage and cauliflower in Minnesota“. University of Minnesota Extension, Garden - Growing Vegetables. Архивирано од изворникот на 2017-02-27.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Бранка Лазић: Повртарство, Завод за уџбенике и наставна средства Београд, прво издање 2003.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]