Соцветие
Соцветие[1][2] — група цветови на заедничка оска. Биолошкото значење на соцветието е што групирањето на цветовите го олеснува опрашувањето бидејќи инсектите посетуваат повеќе цветови за кратко време кога се групирани и полесно се забележуваат во лисјата. Исто така, соцветијата со многу мали цветови полесно се придвижуваат со воздух, што е важно за растенијата кои се опрашуваат со ветер.
Заедничката оска е вретено на соцветието, кое може да се разгранува:
Во зависност од тоа како вретеното се разгранува, се разликуваат два основни вида на соцветија:
Рацемозни (гроздести) соцветија[уреди | уреди извор]
Вретеното на овие соцветија се разгранува моноподијално, така што оската долго расте, а од неа се образуваат странични гранки со цветови, па дури на крајот на нејзиниот врв се развива цвет. Најмладиот цвет е секогаш оној на врвот на вретеното.
Видови на рацемозни соцветија се:
- китка или грозд, кај кого на долгото вретено се наоѓаат цветовите на дршки со иста должина;
- клас, на долгото вретено се наоѓаат седечки цветови;
- чешел е, всушност, китка, само цветните дршки се со различна должина, долните, постарите цветови имаат подолги дршки;
- штит, од краткото вретено поаѓаат зрачно распоредени дршки со иста должина;
- глава, вретеното е проширено, кратко, задебелено и на него има седечки цветови;
- кочанот е ист како и класот освен што вретеното е валчесто и задебелено;
- реса е клас чие вретено е тенко, витко и виси;
- сложен клас, кај кое на вретеното наместо цветови се наоѓаат класови;
- сложен штит, од краткото вретено поаѓаат штитовите;
- метличката е составена од голем број на китки или класови.
Цимозни (чаталести) соцветија[уреди | уреди извор]
Вретеното се разгранува симподијално така што многу рано завршува со својот раст со донесување цвет, па под него се развиваат една или повеќе странични гранки. Така цветот од првата оска е најстар.
Во зависност од тоа колку странични оски (една, две или повеќе) се образуваат по првата, се разликуваат три вида на овие соцветија:
- монохазиум, меѓу кои најпознати се кривударката и свијокот;
- дихазиум и
- полихазиум.
Галерија[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
Литература[уреди | уреди извор]
- Којић, М: Ботаника, Научна књига, Београд, 1989.
- Којић, М: Физиолошка екологија културних биљака, Научна књига, Београд, 1987.
- Маринковић, Р, Татић, Б, Блаженчић, Ј: Морфологија биљака, Београд, 1979.
- Јанчић, Р: Сто наших најпознатијих лековитих биљака, Научна књига, Београд, 1988.
- Јанчић, Р: Лековите биљке са кључем за одређивање, Научна књига, Београд, 1990.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Соцветие на Ризницата ?
- Бионет училиште