Зелка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Зелка
Cabbage and cross section on white.jpg
Бела зелка, цела и во надолжен пресек
Вид Brassica oleracea
Сортна група Capitata
Потекло Европа, пред 1000 година п.н.е.

Зелка е ливкасто зелено или виолетово двегодишно растение, растено како едногодишно растение за своите глави со густи листови. Има потекло од дивата зелка, Brassica oleracea, и е тесно поврзана со брокулата и карфиолот. Зелките генерално тежат од 0,5 до 4 килограми, и можат да бидат зелени, виолетови и бели. Во услови на долги сончеви денови, како во високи северни предели во лето, зелките можат да растат многу поголеми.

Зелката најверјоатно била доместицирана некаде во Европа пред 1000 година пред нашата ера. До Средните векови, зелката станала важен дел од Европска кујна. Зелките генерално се берени во првата година од животниот циклус на растението, но растенија наменети за добивање на семиња се дозволени да растат до втората година, и мора да се чуваат одвоени од други растенија од истата сортна група, за да не се случи накрсно опрашување.