Морков

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Морков
Моркови
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Евдикоти
Нерангирано: Астериди
Ред: Штитовидни
Фамилија: Штитоцветни
Род: Морков
Вид: Див морков
Биномен назив
Daucus carota
L.

Морковот (науч. Daucus carota subsp. sativus) е вид на зеленчуково растение од родот Морков (Daucus), одомаќинет подвид на дивиот морков (Daucus carota). Содржи многу корисни и лековити состојки. Како храна се користи во целиот свет. Морковот има изразено антибиотско дејство.

Морковот е двогодишна билка, а за исхрана се користи нејзиниот корен. Морковот потекнува од Авганистан, а во текот на историјата е пренесен во сите земји во светот. Тој се користи за исхрана во текот на целата година.

Интересно е дека денес постои морков со различни бои: портокалова, бела, жолта, црвена, виолетова и др. Различните бои на морковот содржат и различни антиоксиданси, состојки кои се борат против штетното дејство на слободните радикали во организмот. Најчесто се користи коренот, но може да се користат и листовите од морковот, но претходно сварени.

Состав[уреди]

Морков, сиров
Хранлива вредност по 100 гр
Енергетска вредност 173 кЏ (41 ккал)
Јаглехидрати 9 гр
- Шеќери 5 гр
- Влакна 3 гр
Масти 0,2 гр
Белковини 1 гр
Витамин А (еквив.) 835 μг (104%)
- бета-каротен 8285 μг (77%)
- лутеин и зеаксантин 256 μг
Тиамин (Вит. Б1) 0,04 мг (0%)
Рибофлавин (Вит. Б2) 0,05 мг (0%)
Ниацин (Вит. Б3) 0,9 мг (0%)
Витамин Б6 0,1 мг (0%)
Фолат (Вит. Б9) 19 μг (5%)
Витамин Ц 1,9 мг (0%)
Калциум 33 мг (3%)
Железо 0,3 мг (0%)
Магнезиум 12 мг (3%)
Фосфор 35 мг (5%)
Калиум 320 мг (7%)
Натриум 69 мг (5%)
Постотоците се според препораките за возрасни во САД
 Извор: База за хранливостUSDA

Морковот ги содржи следниве хранливи и лековити состојки:

  • бета-каротин
  • растителни влакна
  • витамин Ц
  • витамин А
  • витамин Б
  • витамин Д
  • витамин ПП
  • витамин Х
  • железо
  • глутамин
  • калиум
  • калциум
  • калциум-пектат
  • каротеноиди
  • ксантофили
  • ликопен
  • натриум
  • пектин
  • јаглени хидрати
  • фосфор
  • цинк
  • етерични масла

Начин на користење[уреди]

Морковот во исхраната се користи: свеж (како салата), варен или обарен (како додаток во супи, во чорби, во јадења без месо или со месо). Се користи и како зачин. Тој се користи и во зима, бидејќи лесно се чува (во фрижидер, во замрзнувач, во подрум).

Бидејќи морковот содржи малку калории, а многу корисни состојки, често се користи во диеталната исхрана и во исхраната на децата. Многу е здрав свежиот сок од морков, било да се консумира сам или со друг сок. Сокот од морков се користи и за облоги во третманот на некои кожни болести.

Дејство[уреди]

Морковот во себе содржи многу витаминии минерали, а поради антиоксидативното дејство, многу поволно делува на организмот. Тој ја зголемува природната одбрамбена отпорност на организмот, односно го зајакнува имунитетот. На тој начин, морковот е природен лек кој помага при многу заболувања и патолошки состојби.

Поради своето корисно и лековито дејство, морковот се препорачува при следниве состојби и заболувања:

  • слабокрвност (анемија),
  • болести на забите,
  • болести на срцето и крвните садови,
  • гојазност,
  • киселини во желудникот,
  • губиток на апетит,
  • депресија и стрес,
  • детски глисти,
  • кожни заболувања (дерматит, екцем),
  • за подобрување на видот,
  • за побрзо зараснување на раните,
  • за подобро согорување на мастите во организмот,
  • при имунодефициенција,
  • за јакнење на ноктите,
  • при кокошкино слепило,
  • при макуларна дегенерација,
  • кај заболувања на бубрегот,
  • за одржување на мозочните функции,
  • при изгореници,
  • при остеопороза,
  • за намалување на заморот,
  • при покачена телесна температура,
  • при зголемен холестерол,
  • при настинка и грип,
  • при проблеми со косата,
  • против кашлица (сок од морков),
  • за регулирање на варењето на храната и запекот,
  • за регулирање на крвниот притисок,
  • за одржување на нормална телесна тежина,
  • за регулирање на метаболизмот,
  • за превенција на малигни заболувања,
  • за воспаление на крајниците и гласните жици,
  • против целулит,
  • кај шеќерната болест,
  • при мозочен удар.

Начин на делување[уреди]

Бројни истражувања докажале дека морковот има улога на „чистач“ на организмот. Тој го чисти организмот од штетните материи кои настануваат со лошата исхрана и со делувањето на загадената животна средина и разните зрачења.

Во Норвешка, морковот им се препорачува на децата во вид на „Осло појадок“, бидејќи се смета дека помага во отстранувањето на заморот, во подобрувањето на концентрацијата, помага за подобро учење и подобар успех во школото.

Морковот е корисна намирница и добар природен лек за превенција и лекување на многу болести. Бидејќи е корисна, ефтина и пристапна намирница, морковот треба често да се користи во исхраната.

Методи на консумирање и употреба[уреди]

Морковите може да се јадат на многу начини. Само 3% од β-каротенот од суровите моркови се ослободува за време на варењето на храната. Ова може да се подобри до 39% преку раскашувањето, готвењето и додавањето на масло за готвење. Алтернативно, тие може да се сецкаат или варат, пржат или барат на пареа, да се варат во супи и чорби, како и да се употребуваат во бебешка храна и храна за миленици. Добро позната мешавина на морковот е т.н. julienne. Зеленилото може да се јаде како зеленчуков лист, но ретко кога луѓето го користат во исхраната. Заедно со кромидот и целерот, морковите се едни од основните мешавини кои се користат за да се направат разни супи. Во Индија морковот се употребува на многу начини, во салати или како зеленчук кој се додава во зачинет ориз или дал(традиционално вегетаријанско индиско јадење). Најпопуларната варијанта во Северна Индија е Gaajar Kaa Halwaa десертот од моркови, во кој се ставаат рендани моркови кои се подготвуваат со млеко се додека се соедни целата смеса, и потоа се додаваат ореви и путер. Салатата од морков обично се прави од рендани моркови во западните делови и се зачинува со сенф и зелено чили потопено во врело масло, а морковите кои се додаваат во оризот обично се исецкани на долги правоаголни ленти.

Разните видови на морков кои се пронајдени во Северна Индија се ретки насекаде, освен во Централна Азија и другите гранични региони, и сега се зголемува во поголемите градови во Јужна Индија. Морковот кој вирее во Северна Индија е розево-црвен, споредено со бојата на сливата или малината, па се до темно црвено јаболко (без допир на жолто или сино), додека повеќето варијанти на морков во светот имаат портокалова или жолта боја, слична на бојата на тиквата.

Уште од доцните 80-ти, мини-морковите (моркови кои се излуштени и исечкани во цилиндрична форма) биле популарна готова храна достапна во многу супермаркети.

Блажината на морковот дозволува зеленчукот некогаш да се корити и во улога на овошје. Ренданиот морков се користи во тортите со моркови, како и во пудинг од моркови, стара англиска мешавина за која се верува дека потекнува од почетокот на 19 век. Морковот, исто така, може да се користи и сам, или со некое друго овошје во слатко и конзерви. Сокот од морков е широко распространет, особено како здрав напиток, и засебно, а и во комбинација со некое друго овошје или зеленчук.


Придружни растенија[уреди]

Морковите се корисни како придружни растенија за градинарите. Има експериментален доказ дека насадени меѓу доматите го зголемуваат производството на домат. Доколку се остави да цвета, (како и секое друго ароматично растение) привлекува оси кои убиваат многу градинарски штетници.


Исхрана[уреди]

Морковот ја добива својата карактеристична и светла боја од Б-каротенот кој е метаболизиран во витамин А кај луѓето кога жолчните соли се присутни во утробата. Преголемото консумирање може да предизвика каротеноза, безопасна состојба каде кожата добива портокалова боја. Морковите, исто така, се богати со диетални влакна, антиоксиданси и минерали.

Недостигот од витамин А може да предизвика намалување на видот, вклучувајчи го тука и гледањето во темно, а видот може да се поврати доколку го вметнете повторно во исхраната. Урбаната легенда вели дека јадењето големи количини на морков ќе ви овозможи да гледате во темница. Легендата започнала од приказните на британските артилеријци за време на Втората Светска Војна кои можеле да пукаат во германските авиони во темнина. Приказната потекнува од Британската битка кога низ Кралските Воздушни Сили кружела приказната за консумирањето на моркови кај нивните пилоти како обид да се прикрие откритието и ефективната употреба на радар кон привлечните авиони на непријателот, како и употребата на црвеното светло (кое не го попречува видот во темница) во воздухопловните апарати. Тоа го засилило постојниот германски фолклор и помогнало да се охрабрат британците во обидите да ја подобрат својата моќ за гледање во темно – да растат и јадат зеленчук.

Во древната медицина, корените се користеле за лекување на дигестивните проблеми, цревни паразити, ангина или запек.

Хемија[уреди]

Полиацетиленот може да се најде во некои зеленчуци, како морковот, каде што го покажува своето цитотоксично дејство. Фалкаринол и фалкариндиол (cis-heptadeca-1,9-diene-4,6-diyne-3,8-diol)се такви компоненти. Втората состојка покажува антифугални дејства кон Mycocentrospora acerina and Cladosporium cladosporioides. Другите состојки како 6-метоксимелин, eugenin, 2,4,5-trimethoxybenzaldehyde (gazarin) or (Z)-3-acetoxy-heptadeca-1,9-diene-4,6-diin-8-ol (falcarindiol 3-acetate) исто така може да се најдат во морковот. Фалкариндиолот е главната состојка одговорна за горчливоста на морковот.

Историја[уреди]

Дивиот претходник на морковот се смета дека потекнува од Иран или Авганистан, кои остануваат центарот на разните видови на D. carota див морков. Селективното одгледување во текот на вековите на природно настанатите подвидови на дивиот морков Daucus carota, подвид sativus, за да се намали горчливоста, а да се зголеми сладоста и да се минимизира крцкавото јадро, ги има произведено познатите градинарски зеленчуци.

Во почетокот, морковите се одгледуваа поради нивните ароматични листови и семе, а не поради нивните листови. Некои зеленчуци од групата на морковот сеуште се одгледуваат поради тоа, како магдоносот, анасонот, копарот и кимот. Првото споменување на коренот во класичните извори е во првиот век. Морковот се чини дека е донесен во Европа во 8-10 век. Во 12 век, арапско-андалузиски агрономец, Ibn al-'Awwam, ги опишува и црвениот и жолтиот морков; Simeon Seth исто така ги споменува двете бои во 11 век. Портокаловиот морков се појавил во Холандија во 17 век. Овие, модерни моркови, биле споменати од страна на John Aubrey (1626–1697г.) кога тој во својот мемурандум забележал: „ Морковите прво се сееле во Beckington во Somersetshire. Некои многу стари луѓе сеуште го паметат нивното доаѓање овде (1668г.).

Во прилог на дивиот морков, алтернативни имиња кои се користеле (најчесто историски) за Daucus carota се: bee's-nest, bee's-nest plant, bird's-nest, bird's-nest plant, bird's-nest root, carota, carotte (француски), carrot, common carrot, crow's-nest, daucon, dawke, devil's-plague, fiddle, gallicam, garden carrot, gelbe Rübe (германски), gingidium, hill-trot, laceflower, mirrot, Möhre (германски), parsnip (погрешно), Queen Anne's lace, rantipole, staphylinos, and zanahoria (шпански).

Одгледување[уреди]

Најдобро растат на сонце, но можат да поднесат и сенка. Со цел да се избегне можноста да пораснат деформирани моркови, подобро е да ги посадите на голема површина каде што нема камења. Семето, кое е 1-3мм во пречник, треба да се сее на околу 2 цм длабочина. На морковите им е потребно околу 4 месеци за да созреат и се претпочита тие да се сеаат од средината на февруари до јули.

Сорти[уреди]

Морковите може да се групираат во две големи класи, источни и западни моркови. Во поново време, голем број од поновите сорти се одгледуваат поради некои одредени карактеристики.

Градот Хотвил, Калифорнија, се промовира како „престолнина град на морковот“ и таму секоја година се оддржува фестивал кој е целосно посветен на морковот.

Источен морков[уреди]

Источните моркови се припитомени во средна Азија, веројатно во денешен Иран и Авганистан во X век, или можеби порано. Примероци од источниот морков кои опстојуваат до ден-денес се најчесто виолетовиот или жолтиот, и најчесто имаат разгранети корени. Виолетовата боја, која често се сретнува кај овие моркови доаѓа од пигментот антоцијан.

Западен морков[уреди]

Западниот морков се појавил во Холандија во 17 век, од Иран со виолетова боја, неговата портокалова боја го напрвила популарен во оние земји кои како амблем го имале Домот на портокалот и борбата за независност на Холандија. Портокаловата боја е резултат на изобилството на каротен во овие сорти. Сортата на западниот морков најчесто се одредува според формата на коренот:

  • Chantenay морковот е пократок од другите сорти, но има поголема дебелина, некогаш расте и до 8цм (3 инчи) во диаметар. Тие имаат широки рамена и тесен, остар и заоблен врв. Најчесто се користат сечени на коцкички во конзервирана храна.
  • Danvers морковот има конусна форма, добро дефинирани рамена и изострени кон врвот. Тие се малку пократки од сортата Imperator, но се поиздржливи на тешка почва. Danvers морковот често се користи за да се направи пире за храна за бебиња. Тие се развиени во Danvers, Ма.

Во една посебна варијанта недостасува вообичаениот портокалов пигмент од каротен, поради својата бела боја на рецесивен ген за токоферол (витамин Е). Добиен од Daucus carota L. и патентиран на Универзитетот во Вискосин – Медисон, оваа варијанта е наменета за дополнување на консумирањето на витамин Е.

Трендови на производство[уреди]

Во 2009 година, според Организацијата за храна и земјоделие во светот биле произведени 33.582 милиони тони морков и репа. Со 15.168 милиони тони, Кина беше најголемиот производител со пресметани 45.2% од глобалното производство, следена од Русија (1.518 милиони тони) и САД (1.304 милиони тони).

Складирање[уреди]

Морковите неколку месеци може да се чуваат во фрижидер или преку зимата во влажен песок и на ладно место.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

За морковот (македонски)