Од Википедија — слободната енциклопедија
Антиоксиданс (понекогаш антиоксидант[1]) — соединение кое има потенцијал да го неутрализира слободните радикали.
Најделотворни антиоксиданси се: витамините А, Ц и Е, бета-каротинот, коензимот Q-10, селенот и манганот. Антиоксидансите се наоѓаат во овошјето и во зеленчукот, така што човекот ги прима преку исхраната. Антиоксидансите најмногу ги има во: црното грозје, боровинките, капинките, малинките, агрумите, доматите итн. Во поново време, во аптеките се продаваат вештачки додатоци кон исхраната кои имаат силно антиоксидативно дејство. Најчесто се работи за додатоци кои содржат органски соединенија на германиум, ресвератрол, астаксантин и слично.[2]