Прејди на содржината

Капина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Капина
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Ред: -{Rosales}-
Семејство: -{Rosaceae}-
Потсемејство: -{Rosoideae}-
Племе: -{Rubeae}-
Род: -{Rubus (малини и капини)}-
L.[1]
Вид: малина
Научен назив
-{Rubus idaeus}-
Linneus
Типски вид
-{Rubus fruticosus}-
L.[2]
Синоними[1][3]
Боровинки, сирови (Rubus spp.)
Поглед одблизу на капина
Хранлива вредност на 100 g (3.5 oz)
Енергија180 kJ (43 kcal)
9.61 g
Шеќери4.88 g
Влакна5.3 g
0.49 g
1.39 g
Витамини и минерали
ВитаминиКоличина
%ПДВ
Витамин А214 IU
Тиамин (Б1)
2%
0.020 mg
Рибофлавин (Б2)
2%
0.026 mg
Ниацин (Б3)
4%
0.646 mg
Витамин Б6
2%
0.030 mg
Фолат (Б9)
6%
25 μg
Витамин Ц
23%
21.0 mg
Витамин Е
8%
1.17 mg
Витамин К
17%
19.8 μg
МинералиКоличина
%ПДВ
Калциум
2%
29 mg
Железо
3%
0.62 mg
Магнезиум
5%
20 mg
Манган
28%
0.646 mg
Фосфор
2%
22 mg
Калиум
5%
162 mg
Натриум
0%
1 mg
Цинк
5%
0.53 mg
Други состојкиКоличина
Вода88 g

Процентите се проценети врз основа на препораките во САД за возрасни,[4] освен за калиум, кој се проценува врз основа на експертските препораки на Националните академии.[5]

Капина е повеќегодишна листопадна полужбунаста билка, која има повеќегодишен коренов систем и едногодишни или двогодишни изданоци, и припаѓа на фамилијата рози (-{Rosaceae}-) на родот Rubus.[6]

Морфологија

[уреди | уреди извор]

Кореновиот систем е многу разгранет, жилест и достигнува должина до 1 метар. Главниот коренов систем има капинови садници произведени од семе. Многу врсти на капини немаат главен корен. Тој е зимзелен (Rubus laciniatus) додека легнатата сорта има главен корен кој продира длабоко во земјата, ама не формира коренови стебла. Поради длабочината до која продира во земјата, кореновиот систем на капините се одликува по отпорноста на суша.

Жбуновите капини во зависност од сортата различно се развива. Може да се развиат на основа на следните одлики:

  • висок (хималаја)
  • средно висок (агава)
  • низок (лукреција)
  • собрани (агава, ериа)
  • исправени (кумберланд)
  • легнати (лукреција)
  • глатки ластери (бојсен, лукреција)

Стеблото зависно од видот во текот на првите години достигнува должина помеѓу 2 и 4 метри. Во другата година стеблото носи род, а после тоа се суши. Во зависност од сортата стеблото може да биде од микроцрвена до темнозелена боја, како и со бројно тврдо бодликав жбун, ретки и понежни трнови и сорта со стебла без трње.

Листот е сложен и во зависност од типот и сортата се состои од 3, 5, 7 или 9 листови кои се во јајцест облик, од светлозелена до тамнозелена боја, додека дршките на листовите се воглавно трновити. Пупките се развиваат на жилите (подземни) и на едногодишни стебла. Цветните гранчиња се долги или кратки кои се развиваат во на двогодишите стебла. Цветот е хемофродитен (двополен) и средно крупен, кои има толчник, прашник и двоен цветен мотач. Цветовите се собрани на цветните гранчиња, кои не се развиваат едновремено. Плодот на капината претставува збир на затворената семка на чврста ложа и по бојата може да биде темна, мат црна или блескаво црна.

Капината како лек

[уреди | уреди извор]
Природен сок од капина

Капината крие многу корисни ефекти телото па експертите предвидуваат дека во иднина ова ќе биде едно од популарните овошја. Во медицински цели, од плодовите најчесто се прави вино кое е богато со витамини и минерали и е ефикасно кај анемијата бидејќи го зголемува нивото на железо во крвта. За да се види вистинскиот резултат од тоа, во текот на месецот треба да се пие дневно 1 дл вино, половина час пред јадење. Покрај крвта, капината го регулира крвниот притисок, циркулацијата, помага кај дигестивните проблеми, го зајакнува имунолошкиот систем и апетитот, го подобрува метаболизмот. Поради изобилството на железо, капината е многу важна во исхраната на бремените жени, доилки, деца, тинејџери и луѓето во климактериум.

Лисјата на капината се природен лек против дијареја, а од нив се прави чај кој помага кај крварење во стомакот и цревна инфламација како и хронична иритација на слепото црево. А лекарите ја преппорачуваат и кај парадентоза[7].

Освен плодот на капината, кој се користи за правење сокови, мармалд, вино, во колачи, и листот на капината може да се искористи за чај.

Младите фиданки и листовите на капината, заедно со фиданките на копривите, јагликата и шумските јагоди го прават познатиот пролетен чај, кој служи за прочистување на крвта. Смесата од листови на капина со мед и прополис отвора апетит и го лечи желудникот.

Како останатото темно овошје, како боровинките и грозјето, капините содржат биофлавоноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси и го спречуваат создавањето на слободни радикали. Ја зголемуваат апсорбцијата на витамин Ц и помагаат за зачувување на колагенот.

Хранливи вредности на капината:

Благите, сочни капини се летен деликатес во северните региони со умерена клима. Како малините, растат на грмушки од фамилијата rosaceae. Растението потекнува од Европа, а денес се одгледува комерцијално од Северна Америка (особено САД), па сè до Сибир.

Ботанички, растението е повеќегодишна грмушка која припаѓа во фамилијата Rosaceae, од родот Rubus. Научното име на капината е Rubus fruticosus.

Во зависност од сортата, грмушката од капините може да се класифицира како исправена, полуисправена или ползечка. Исправениот вид грмушка има трња и се раширува преку ’ркулци од корењата (кои потоа испуштаат ластари) по грмушките, додека на ползечкиот вид грмушка му е потребен шпалир за да може да расте и испушта свежи ластари. Во текот на втората сезона на ластарите се појавуваат бели или розови цветови.

Технички, целата дудинка е збир од мали плодови кои се кружно. Секој ситен плод има мала сочна пупка обвиена околу една ситна семка. Капината тежи од 3 до 4 грама и содржи од 80 до 100 ситни плодови[8].

Капината како тема во уметноста

[уреди | уреди извор]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Станиша А. Пауновић, др Петар Д. Мишић и др Асен С. Станчевић:Јагодасто воће, НОЛИТ - Београд, 1974.
  • Проф. др Миладин Шошкић. Савремено воћарство. Архивирано од изворникот на 2017-01-03. Посетено на 2017-09-09..
  • Мратинић Е. (1998). Купина.
  • Технологија производње купине Архивирано на 21 март 2016 г., Проф. др Радисав Благојевић и Мастер инг. Владимир Божић, Ниш 2012.
  1. 1,0 1,1 Rubus L.“. Germplasm Resources Information Network. United States Department of Agriculture. 5 октомври 2007. Архивирано од изворникот на 2009-08-28. Посетено на 27 јуни 2010.
  2. Rubus L.“. TROPICOS. Missouri Botanical Garden. Посетено на 27 јуни 2010.
  3. Flora of North America, Rubus Linnaeus, 1753; Bramble
  4. United States Food and Drug Administration (2024). „Daily Value on the Nutrition and Supplement Facts Labels“. FDA. Архивирано од изворникот 2024-03-27. Посетено на 2024-03-28.
  5. „TABLE 4-7 Comparison of Potassium Adequate Intakes Established in This Report to Potassium Adequate Intakes Established in the 2005 DRI Report“. стр. 120. In: Stallings, Virginia A.; Harrison, Meghan; Oria, Maria, уред. (2019). „Potassium: Dietary Reference Intakes for Adequacy“. Dietary Reference Intakes for Sodium and Potassium. стр. 101–124. doi:10.17226/25353. ISBN 978-0-309-48834-1. PMID 30844154. Предлошка:NCBIBook.
  6. Brouillet, L. (2015), „Rosaceae Jussieu (subfam. Rosoideae) tribe Rubeae Dumortier, Anal. Fam. Pl. 39. 1829“, Во L. Brouillet; K. Gandhi; C.L. Howard; H. Jeude; R.W. Kiger; J.B. Phipps; A.C. Pryor; H.H. Schmidt; J.L. Strother; J.L. Zarucchi (уред.), Flora of North America North of Mexico, Volume 9: Magnoliophyta: Picramniaceae to Rosaceae, New York, Oxford: Oxford University Press, стр. 27–28, ISBN 978-0-19-534029-7
  7. „Капината лек за анемија, крвен притисок и добар метаболизам | Zdravstvo24“. zdravstvo24.mk. Посетено на 2017-09-25.[мртва врска]
  8. „Капина - лек за крвта, храна за телото! - Среќа.мк“. srekja.mk. Архивирано од изворникот на 2017-12-29. Посетено на 2017-09-25.
  9. Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 56.
  10. Шејмас Хини, Песме. Београд: Цицеро, Земун: Писмо, Нови Сад: Матица српска, 1993, стр. 9.