Мармалад

Мармалад — сладок, и малку кисело конзервирање на овошен сок и кора од цитрусни овошја сварени со шеќер и вода. Денес се произведува од разни видови на овошје. Мармаладот е индустриски произведена густа смеса од варено овошје кој најмногу се употребува како намаз за леб и колач, а дава дополнителен вкус на тортите, ролатите и чајните лиснати теста. Се припрема од сите видови на овошја, често и во комбинација на повеќе видови. Во припремата на мармаладот, овошјето на сиров или варен начин се преработува сè со цел да ги отстрани и поседните траги на нераскинливите парчиња од овошјето. Припремањето на мармаладот може да се забрза со додавање на средстава за желирање, бидејќи варењето би траело долго.[1][2]
Во англискиот речник, поимот „мармалад“ се однесува обично на џем направен од горчливи портокали, од видот Citrus aurantium, а може да биде и од други агруми. Во припремата на англискиот мармалад потребно е да се вари во вода исецкана во кора и исцеден сок од горчливи портокали неколку часа за да кората омекне. Во варењето се додава шеќер по мерка, обично за секое кило портокали се додава од 1,0 до 2,0 кг шеќер (по вкусот на готвачот) во смесата, и се доварува сè додека не стигне мармаладот до концентрација за да може да се стегне на собна температута. Бидејќи гочливите портокали, како и останатите агруми, се богати со пектин, обично не е потребно да се додава никакви состојки за желирање на смесата.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Домашен мармалад
- Мармалад од смокви намачкан на леб
- Три вида мармалад
- Мармалад од шипинки
- Различни видови на домашен мармалад во тегли
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Литература
[уреди | уреди извор]- Allen, Brigid (1989). Cooper's Oxford: A history of Frank Cooper Limited.
- Mathew, W. M. Keiller's Of Dundee: The Rise of the Marmalade Dynasty 1800-1879.
- Mathew, W. M. The Secret History of Guernsey Marmalade.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Мармалад“ на Ризницата ? |