Прејди на содржината

Ролат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Запекување на бифтек
Исечен ролат од говедско месо наполнет со сланина, кромид и кисела краставица
Варен бифтек ролат
Мини ролат со лосос и копар

Ролат[1] е јадење од полнето роловано месо или пециво. Ролатот може да биде солен или сладок. радиционално се среќава во различни европски кујни, а терминот потекнува од францускиот збор rouler, што значи „да се тркала“.[2]

Ролатот е врз база на месо, обично се состои од парче стек ролован околу фил како сирење, зеленчук или друго месо. Ролатот често се заруменува, потоа се покрива со вино или супа, и се готви. Таквиот ролат најчесто се прицврстува со чепкалка за заби, метален ражен,[3] се сече на кругови и се послужува.

Инволтини

[уреди | уреди извор]

Во италијанската кујна, ролатите се познати како инволтини (еднина инволтино). Инволтините можат да бидат тенки парчиња говедско, свинско или пилешко роловани со фил од рендано сирење (обично пармезан или пекорино романо), понекогаш јајце да се добие конзистентност и некоја комбинација од дополнителни состојки како лебни трошки, други сирења, мелена пршута, шунка или италијански колбас, печурки, кромид, лук, спанаќ, пињоли, итн. Секое инволтино е прецврстено со дрвена чепкалка за заби, а јадењето обично се служи (во разни сосови: црвен, бел итн.) како втор оброк. Кога се готви во сос од домати, самиот сос се користи за фрлање на тестенините за првиот оброк, давајќи постојан вкус на целиот оброк.

Во јужните делови на Италија, како Сицилија, каде рибата е почест елемент на кујната, инволтините понекогаш можат да се направат со риба како што е сабјарката. Овој термин опфаќа јадења како брациола (ролат кој се состои од говедско, свинско или пилешко обично исполнето со сирење пармезан, лебни трошки и јајца) и салтимбока.

Парче ролат

Некои ролати се состојат од пандишпан печен во рамна тава ролована околу фил. Торта ролована околу џем, чоколаден путер крем, јаткасти плодови или други филови, е пример за сладок ролат како бејгли или швајцарски ролат. Буше де Ноел или „Јуле лог“ е традиционален божиќен француски колач, често украсен со глазура направена да личи на кора.

Друга форма на ролат без месо се состои од смеса од типот на суфле, печена во рамна тава ролована околу фил.

  1. „roulade - Definition of roulade in English by Oxford Dictionaries“. Oxford Dictionaries - English. Архивирано од изворникот на August 1, 2017.
  2. „the definition of roulade“. www.dictionary.com.
  3. „Epicurious – Recipes, Menu Ideas, Videos & Cooking Tips“. Epicurious. Архивирано од изворникот на 2014-12-24. Посетено на 2023-03-20.