Пињоли

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Излупени пињоли
Шишарка од бор со пињоли

Пињоли, наречени и семки од бор[1] или борови ореви[2], се јадливо семе од некои видови на борови. Според Организацијата за Храна и Земјоделство, само 29 видови даваат јаткасти плодови, а 20 од нив се користат во трговијата,[3] што се должи на величината на семето кое треба да е доволно големо за да се исплати неговата берба; кај другите борови, иако семето е јадливо, тоа е премало за да се користи како храна. [3]

Видови и географска распространетост[уреди | уреди извор]

Во Азија, семето претежно се собира од два вида бор: Корејски бор (Pinus koraiensis) и герардов бор (Pinus gerardiana). [4]

Во Европа пињолите најчесто се добиваат од пинија (Pinus pinea), која се одгледува за оваа намена повеќе од 5.000 години. Лимбата (Pinus cembra) се користи многу помалку.

Во Северна Америка најчесто се користи: колорадски пињон (Pinus edulis), еднолисен бор (Pinus monophylla) и мексикански пињон (Pinus cembroides).

Физички карактеристики[уреди | уреди извор]

Откако ќе се извадат од шишарката, пињолите се покриени со тврда обвивка (семенска лушпа).

За да се јадат треба прво да се отстрани лушпата. Излупените пињоли, ако се чуваат на суво и ладно место (-5 до 2 °C) имаат долг рок на траење. Пињолите во лушпа (и излупените на топло) се расипуваат мошне брзо, се скислуваат за неколку недели, или денови во топли и влажни услови. Пињолите можат да се најдат во продажба и со лушпа, но поради чување во несоодветни услови, може да го загубат вкусот, а може и веќе да се расипани кога ќе се купат. Затоа, за да се зачува нивниот вкус, пињолите често се замрзнуваат. [5]

Европските пињоли се разликуваат од азиските по поголемата должина споредено со ширината; Азиските пињоли се покуси, во облик на долги зрна од пченка. Американските пињоли се познати по својата изразена величина и лесното лупење.

Хранлива вредност[уреди | уреди извор]

Пињоли
Хранлива вредност по 100 г
Енергија2,815 kJ (673 kcal)
13,1 г
Скроб1,4 г
Шеќери3,6 г
Влакна3,7 г
68,4
Заситени4,9
Мононезаситени18,7 г
Полинезаситени34,1 г
13,7 г
Витамини
Витамин А (екв.)
(0 %)
1 μг
(0 %)
17 μг
Тиамин 1)
(35 %)
0,4 мг
Рибофлавин 2)
(17 %)
0,2 мг
Ниацин 3)
(29 %)
4,4 мг
Пантот. кис. 5)
(6 %)
0,3 мг
Витамин Б6
(23 %)
0,3 мг
Фолна кис. 9)
(9 %)
34 μг
Холин
(11 %)
55,8 мг
Витамин Ц
(1 %)
0,8 мг
Витамин Д
(62 %)
9,3 μг
Витамин К
(51 %)
53,9 мг
Минерали
Калциум
(2 %)
16 мг
Бакар
(65 %)
1,3 мг
Железо
(42 %)
5,5 мг
Магнезиум
(71 %)
251 мг
Манган
(419 %)
8,8 мг
Фосфор
(82 %)
575 мг
Калиум
(13 %)
597 мг
Селен
(1 %)
0,7 μг
Цинк
(67 %)
6,4 мг
Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Сувите и спремни за јадење пињоли содржат 2% вода, 13% јаглени хидрати, 14% белковини и 68% масти. 100 грама сушени борови ореви имаат енергетска вредност од 673 килокалории и се богат извор (20% или повеќе од препорачаната дневна вредност (ДВ)) на голем број микронутриенти, претежно манган (419% ДВ), фосфор (82% ДВ), магнезиум (71% ДВ), цинк (67% ДВ), бакар (65% ДВ), витамин Е (62% ДВ), витамин K (51% ДВ), и Б комплекс витамините, тиамин и ниацин (29-35% ДВ), итн.

Пињолите се добар извор на хранливи материи. Пинијата (P. pinea) содржи двојно повеќе јаглени хидрати од кинескиот (P. koraiensis) и пакистанскиот (P. gerardiana) бор.[6] Од друга страна, претходниве два вида содржат повеќе јаглени хидрати и масти.[3]

Употреба во кулинарството[уреди | уреди извор]

Пињолите се јадат во Европа и Азија уште од палеолитот. Често се додавале во месо, риба, зеленчукови салати или се печат во леб.

Во Италија се основна состојка за песто сосот. Торта дела нона (итал:Torta della nonna - буквално „бабина торта“) е општ термин за секаков вид торта подготвена по стар семеен рецепт, но најчесто се користи за пита со шлаг, наросена со пињоли и по желба посипана со шеќер во прав. Пињоли колачињата, се италијанско-американски слаткарски специјалитет (во Италија се викаат бисквити од пињоли (biscotti ai pinoli)), и се прават од бадемово брашно обликувано во тесто, па посипано со пињоли.

Во Каталонија, се прави слатка од топчиња марципан прекриени со пињоли, намачкани со матено јајце и печени на тивок оган. Оваа слатка се вика „Панелета“. Пињолите исто така ги има во предјадењето „salade landaise“ во југозападна Франција. Пињолите, се користат често и во кујните од Блискиот Исток, во разновидни јадења како кибех, самоса и фатајер, и десерти како баклава и многу други.

Кафето од пињоли, е специјалитет од југозападниот дел на Соединетите држави; особено го има во Ново Мексико.

Маслото од пињоли е додаток во храната.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

 

  1. „BIOAGROS Органски семки од бор 50 г“. Зегин.
  2. „Борови ореви (пињоли)“. Мое мени.
  3. 3,0 3,1 3,2 Awan, Hafiz Umair Masood; Pettenella, Davide (2017). „Pine Nuts: A Review of Recent Sanitary Conditions and Market Development“. Forests (англиски). 8 (10): 367. doi:10.3390/f8100367. |hdl-access= бара |hdl= (help)
  4. Geisler, Malinda; Romero, Christina (August 2015). „Pine Nuts“. agmrc.org. Посетено на 30 October 2016.
  5. „Pine Nut Shelf Life: How Long Do Pine Nuts Last?“. freshpantry.com. Посетено на 23 May 2021.
  6. „Toward a Traceability of European Pine Nuts "From Forest to Fork".
  7. FAO (1995). „Chapter 8: Seeds, Fruits and Cones“. Non-wood forest products from conifers.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]