Прејди на содржината

Кибех

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кибех

Кибех, кибе, кебах (или кубех, кубах, куби) (арапски: كبة) е јадење од левантската кујна[1] направено од булгур (издробено жито), сечен кромид, и говедско, јагнешко, козјо или месо од камила, сето ова измешано со зачини (цимет, каранфилче, морско оревче, пимент). Најпозната е варијантата на прженици во долгнавеста форма, крокети, полнети со мелено говедско или јагнешко месо.

Други варијанти на кибех може да бидат во тркалезна форма, печени, варени во чорба, или послужени живи.[2] Кибех се смета за национално јадење на земјите од Близок Исток.[3][4][5][5][5][5][5][5] Во областите во кои живеат Курди во Турција, ова јадење се вика „ичли ќофте (içli köfte).[5]

Ова јадење може да се најде и во некои земји од латинска Америка, каде го донеле емигранти од Левантот во текот на 19 и почеток на 20 век: Аргентина, Бразил, Колумбија, Куба, Доминиканска Република, Еквадор, Хаити, Хондурас, и Мексико.[6]

Бразилска варијанта на кибех кибе, полнета со рекејжео, сос од рикота и португалско крем сирење.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Зборот доаѓа од арапското кубах (кибех на левантски), со значење „топка“.[7] Другите називи за ова јадење доаѓаат од персискиот збор کوفته (ќофте) или од турското içli köfte (ичли ќофте).

Видови на кибех

[уреди | уреди извор]

Во Левантската кујна, сите видови на јадење направени од булгур и мелено јагнешк омесо се нарекуваат кибех. Градот Алеп во северниот дел на Сирија, е познат по тоа што има повеќе од 17 различни видови на кибех.[8] Некои од овие варијанти се подготвени со: руј (kibbe sumāqiyye), јогурт (kibbe labaniyye), дуња (kibbe safarjaliyye), лимонов сок (kibbe ḥāmḍa), прелив од калинка, од цреша и др.

  1. Annia Ciezadlo (2012). Day of Honey: A Memoir of Food, Love, and War. стр. 361. ISBN 1-4391-5753-7.
  2. Contemporary kubbeh[мртва врска]
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2016-12-31.
  4. Middle Eastern Recipes
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 Davidson et al. The Oxford Companion to Food OUP Oxford, 21 aug. 2014 ISBN 978-0191040726 pp 444-445
  6. „Kibbeh Recipe“. Посетено на 26 February 2014.
  7. Maan Z. Madina, Arabic-English Dictionary of the Modern Literary Language, 1973
  8. „NPR web: Food Lovers Discover The Joys Of Aleppo“.