Крокет

Од Википедија — слободната енциклопедија

Крокет е рекреациона игра, а во последно време и спорт во кој дрвена или пластична топка се удира со посебна палка налик на чекан (mallet), со тоа протнувајќи ја низ обрачи (кои обично се кваратни) вкопани во тревно игралиште.

Винслоу Хомер, „Крокет“. 1864 г.

Крокетот е измислен во Ирска во 1830-тите и бил преземен од Англија како хоби на аристократијата во 1850-тите. Веројатно е дека играта еволуирала од постарата игра пал мал. Наскоро станува популарна во Соединетите Американски Држави, Австралија, и Франција.

Некои варијации на крокетот се Екстремен Крокет (eXtreme Croquet) и Велоспиедски Крокет.

Крокет по меѓународни правила[уреди | уреди извор]

Постојат различни варијации на крокет кои се разликуваат според системот на бодување, редот на играње и распоредот (особено кај рекреативниот крокет во домашни услови, каде што просторот не дозволува правилно следење на правилата). Официјалната Британска варијанта се вика ("Association Croquet"), каде што играчите имаат можност да удираат повеќепати кога е нивен ред доколку: а) ја протнат топката низ правилниот обрач ("run" a hoop) или б) погодат друга топка. Доколку играчот погоди друга топка, тој мора да го одигра следниот удар со двете топки заедно, при што тие мора да се допираат - ова е,,крокетскиот удар" ("Croquet Stroke") по којшто и самата игра е именувана . Играчот победува одкога успеал двапати да ги протне сите негови топки низ сите обрачи (по протнувањето на топката низ сите обрачи, секоја топка мора да биде удрена и во централниот колец).

Кога долго континуирано играње од страна на еден играч ("breaks") почнало да зачестува како резултат на општото подобрување на стандардот на играње, неопходно било да се воведе и,,Напредно играње" ("Advanced Play") (експертен начин на играње на,,association" крокет). Во овој начин на игра, играчите може да бидат пенализирани за играње на дадени обрачи последнователно. Така, подвизи од типот на triple peels или sextuple peels (во кој напаѓачот заедно со својата топка истовремено ги удира и топките на партнерот или противникот низ дадени обрачи последователно) имаат зачестено за да се избегнат таквите пенали.