Прејди на содржината

Пал мал (игра)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пал мал илустриран во Old English Sports, Pastimes and Customs, 1891

Пал мал — игра која се играла во XVI и XVII век и е претходник на крокетот. Името доаѓа од италијанскиот збор pallamaglio, кој буквално преведен значи топка-токмак. Се играла на долга алеја со вземјен железен обрач на крајот. Целта на играта била да се удри дрвена топка (направена од зеленика) со периметар од околу 30 см (отприлика иста големина како топката за крокет) со долг токмак низ алејата и преку обрачот со што помалку удари.

Пал мал-от бил популарен во Италија, Франција and Шкотска, а потоа дошол и во Англија во XVII век. Името „пал мал“ не се однсеува само на играта, туку и на токмакот со кој се игра. Многу градови денес имаат прави улици и корза кои еволуирале од алеи каде се играла оваа игра. Две вакви места во Лондон се Пал Мал и Шеталиштето (The Mall). Кога играта се демодирала, некои од овие алеи станале трговски улици, од каде потекнува американскиот збор shopping mall (трговски центар); други еволуирале во тревнати сенливи корза кои и ден денес се нарекуваат malls.