Тревник



Тревник — површина околу улица, парк или градина[1] на друго место за рекреација и спорт насадено со трева, или понекогаш детелина и други растенија, кои по височина се држат ниско и рамномерно.
Употреба
[уреди | уреди извор]Тревниците се стандарден елемент на приватни и јавни градини ширум светот. Тие се прават со естетска, како и рекреативна цел (на пр. спорт). Обично се садат близу куѓите, како дел од градината, но ги среѓаваме и кај други украсни површини и градини.
Тревникот се среќава на јавни места како паркови и други зеленила. Многу спортови се играат на ваква површина, намалувајќи ерозија и прашина и давајќи мека површина за играчите на спортови како фудбал, крикет, безбол, голф, тенис, крокет, боќање и други.
За тревник се користат многу видови на трева. Видот кој ќе се употреби зависи од намената на тревникот — за спортови се користат покрути и покрупни треви, додека пофини и помеки треви се користат за украсни тревници. Употребата на даден вид трева зависи и од климата, бидејќи рани треви се адаптирани на разна клима.
Тревите може и да се мешаат. Чести се мешавинитe 50/50 каде, на пример, се користи една трева издржлива на студ и една трева издржлива на топлотија.
Видови треви за тревник
[уреди | уреди извор]Постојат илјадници видови на треви за тревник, со тоа што секоја е различно адаптирана на различна наваленост на земјиштето, температура, и толеранција на сонце/сенка. Одгледувачите постојано прават нови видови трева врз основа на основната листа треви. Двете основни категории се треви за топла и треви за студена сезона.
Тревите за студена сезона почнуваат да растат на 5 °C, и најбрзо растат на температура од 10 до 25 °C[2], на клими со релативно благи/свежи зими, со два периода на брз раст на пролет и на есен. Овие треви обично растат многу густо и си ја задржуваат бојата на мнонгу студени температури.[3]
Тревите за топла сезона почнуваат да растат на 10 °C и најбрзо растат на температура од 25 °C до and 35 °C, со еден долг период на раст за време на пролетта и летото.[2] Тие обично хибернираат во постудените месеци, давајќи темни или кафени нијанси. Многу од овие треви трпат суши и високи летни температури. Меѓутоа тие умираат на температура под -15 °C.
Одржување
[уреди | уреди извор]
Одржувањето на груб тревник се состои од повремено косење со соодветна машина или пасење од животни.
Тревници од повисок квалитет бараат разни операции за нивна нега. Овие може да бидат:
- косење, кратење на тревата редовно и рамномерно
- греблање за отстранување на мртви треви и спречување на туткање
- валање, за да се потиснат гранчињата до земја
- пескарење на тревникот, со песок, земја или друг материјал
- дупчење и проветрување, за ослободување на потиснатоста на почвата
- наводнување, против хибернизација и покафенување
- ѓубрење
- нанесување на пестициди против коров и штетници
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „тревник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 2,0 2,1 Huxley, A., ed. (1992). Lawns. In New RHS Dictionary of Gardening 3: 26-33. Macmillan. ISBN 0-333-47494-5
- ↑ Bornstein, Carol, Fross, David, and O'Brien, Bart; 'California Native Plants for the Garden;' Cachuma Press, Los Olivos, CA; 2005; ISBN 0-9628505-8-6, 0-9628505-9-4. pp. 74-5.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Тревник на Ризницата ?
- Ивановски, Петар Р.; Прентовиќ, Татјана (2011). „Тревници (учебник)“ (PDF) (I. изд.).
|