Виук

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виук
Ливадски виук (Festuca pratensis)
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Семејство: Треви
Род: Виук
L.
Видови

300, во текстот.

Виук (науч. Festuca) — род од околу 300 видови на повеќегодишни растенија од семејството на тревите (Poaceae), потсемејсто ливадарки (Pooideae). Родот има космополитска распространетост, со тоа што највеќе видови виреат во студените умерени подрачја.[1] Родот е во блиско сродство со пијанката (или ’ржена трева, Lolium).

Членовите на родот можат да бидат ниски тревки (10 см со фини листови потенки од 1 мм) до треви со висини од 2 м и големи листови (долги 60 см и широки 2 см).

Виукот полен значаен причинител на алергиски ринит.

Употреба[уреди | уреди извор]

Виукот има некои значајни видови погодни за тревници,[2] терени за голф и терени за боќање (ситнолисните видови). Други видови имаат висока хранлива вредност што се користат за напасување на добиток и добивање на сено. Виукот лесно вирее на голи земјишта и другите, успева подобро од другите растенија и опстанува неколку години, па затоа наоѓа примена во спречувањето на ерозија на почвата.

Видови[уреди | уреди извор]

Подродови Schedonorus[уреди | уреди извор]

Предложени за префрлање во родот пијанка (Lolium)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Високи и тенки виуци Архивирано на 25 октомври 2012 г. (англиски)
  2. Ianniello, Daniel. „Information for Growing a Nice, Green Richmond Lawn“. Information for Growing a Nice, Green Richmond Lawn. Архивирано од изворникот на 2012-03-20. Посетено на 24 февруари 2011.
  3. Опис на црвениот виук Архивирано на 17 јули 2011 г. - BSBI, 16 ноември 2010 (англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]