Троскот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Троскот (Polygonum aviculare)

Опис[уреди | уреди извор]

Илустрација

Троскотот е едногодишна зељеста билка чии жилави стебленца ползат по земјата и достигаат должина до 60 цм. Има ситни долгнавести лисја, цветовите се бледо-розеникави и многу ситни. Троскотот расте насекаде, во ниви, лозја и ливади. Чајот од троскот се употребува пред се како благо средство за лечење на органите за варење, чир на желудник и дванаесетпалачно црево, дијареа и повраќање. Оваа билка уште се користи при крварења на внатрешни органи, особено бели дробови и матка и хемороиди, а надворешно се користи за габични инфекции на кожата. 

  • Polygonum calcatum
  • Polygonum microspermum
  • Polygonum aequale
  • Polygonum monspeliense
  • Polygonum heterophyllum
    • Polygonum heterophyllum subsp. virgatum
  • Polygonum rurivagum
  • Polygonum aviculare subsp. depressum (= P. arenastrum)
  • Polygonum aviculare subsp. rurivagum
  • Polygonum aviculare subsp. neglectum
  • Polygonum aviculare subsp. aviculare