Англиска градина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Паладијански мост во Прајор Парк, Бат
Англиските градини во Верлиц, еден од најголемите англиски паркови во Европа во XVIII век.

Англиска градина или англиски парк или пределна градина (француски: jardin anglais, италијански: giardino all'inglese, германски: Englischer Landschaftspark) — вид градина со потекло од англиските уредени предели во XVIII век. По ова име градината се разликува од барокниот дизајн на француската формална градина.

Во Обединетото Кралство овој стил е тесноповрзан со делата на Кејпабилити Браун. Овој стил во Англија предоминирал само релативно кратко време, од средината на XVIII до почетокот на XIX век, и најголемиот дел од најпознатите градини во Англија не се во овој стил. Поимот „англиска градина“ не се користи во Англија, каде истиот се нарекува „пределна градина од XVIII век“ („18th century lanscape garden“).

Канонскиот европски „англиски парк“ со себе носи низа романтистички елементи. Во него секогаш има езерце или мало езеро со пристанишен или обичен мост. Погоре, со поглед на езерцето, имаме шестаголен павилјон, често во облик на еднокрилен римски храм. Некои паркови имаат и „кинески“ павилјон. Други елементи се грото и имитации на рушевини.

Значајни дејци во полето на Англиската градина се Стивен Свицер (1682-1745), Вилијам Кент (1685-1748), Чарлс Бриџман, Кејпабилити Браун (1716-1783), Џон Ванбру (1664-1726) и Лукас Питерс Родбард.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]