Руј
| Руј | |
|---|---|
| Расцветан руј | |
| Научна класификација |
Руј (латински: Cotinus) — род на листопадни дрвенести растенија. Вклучува 2 современи вида, еден евроазиски и еден северноамерикански (Cotinus obovatus, syn. Rhus cotinoides). Името на родот потекнува од грчкиот збор, кој според Теофраст е име на дивата маслинка.[1].
Претходно, овој род на растенија бил класифициран во сроден род.
Опис
[уреди | уреди извор]Растенијата од овој род се животни форми на дрвја или грмушки до 7 (евроазиски руј) односно 12 (американски руј). Кореновиот систем е одлично развиен, така што обезбедува заштита од ерозија, делувајќи како арматура. Кората ја менува бојата од зелена во сива и кафеава со лушпи аналогни на стареењето. Младите ластари содржат големи леќи. Пупките се во црвеникава боја, спирално распоредени.[2] Листовите се цели, кружни, со рамен раб, долг 3–13 см, сместени се на дршките, спирално распоредени, а нерватурата е јасно видлива на задната страна од листовите. Бојата на лисјата во есен е црвена.[2] Цветовите се ситни, со големина до 3, петчлени, со жолтеникава боја, соберени во метличести цветови со големина до 30. Руј содржи пет чашести и пет крунести листенца. Во цветот има и стерилни цветови, со влакна на нивните цветни дршки (оттука и замаглениот изглед на цветот). Растенијата се еднодомни, понекогаш дводомни [1]. Плодот е сув, со ситна јатка која содржи едно семе а на која се задржуваат листовите од чашката. Плодот созрева во периодот од мај до јуни.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Ова растение на ендемично за подрачјето на Јужна Европа, како и во Централна и Западна Азија. Често е на отворени и потопли живеалишта. Најчесто може да се најде во листопадни шуми до 1.600 м.[2]
Расејување и размножување
[уреди | уреди извор]Се расејува со ветер и инсекти. Размножувањето се врши со семиња или со вегетативни делови од растението.
Одгледување
[уреди | уреди извор]Видовите од овој род, особено е евроазискиот руј, честопати се користени како украсни грмушки. Одгледани се голем број сорти, од кои некои се од хибридно потекло (се создадени со вкрстување на два вида руј).
Употреба
[уреди | уреди извор]Листовите на евроазискиот руј содржат околу 30% танин и се користеле како антисептик и астрингент [3]. Плодот е отровен, консумирањето доведува до дијареа и повраќање.[2] Од дрвото и листовите се добива боја за кожа, волна и свила [1]. Дрвото се користи во столарство.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Cotinus coggygria, цвет
- Cotinus coggygria, цвет
- Cotinus coggygria, цвет
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 Јовановић Б. 1973. Род . У: Јосифовић М () Флора СР Србије. САНУ: Београд.
- 1 2 3 4 „Rujevina (Cotinus coggygria)“. Plantea (хрватски). 13 јули 2015. Посетено на 17 август 2019.. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=, |date=(help) - ↑ Johnson T. 1999. CRC Ethnobotany Desk Reference. CRC Press. 978-0-8493-1187-1. (str. 708)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Фотографии и опис на евроазискиот руј Архивирано на 27 септември 2011 г.
- Опис на одделни сорти и хибриди на руј
|