Јогурт
Јогурт ― производ кој се создава преку природна постапна на ферментација на млекото со помош на бактерии. Со делувањето на бактерите доаѓа од ферментација при што млечниот шеќер (лактоза) преминува во млечна киселина. Овој процес се користи при индустриско добивање на јогурт.
Подготовка
[уреди | уреди извор]Под поимот јогурт како производ се подразбира полутечен млечен производ кој се добива со загревање на млекото и додавање на бактериите на млечните киселини (-{Lactobacillus bulgaricus}- и -{Streptococcus thermophilus}-). На температура од 42°-45 °C за 2-4 часа доаѓа до ферментација и скиселување на млекото. Потоа, јогуртот се лади со што се успорува скиселувањето и се продолжува трајноста. Јогуртот содржи околу 0,7% млечни киселини.
Јогуртот може да се подготви и дома. Потребно е да го загреете млекото на 40-42 °C, се додава малку јогурт (на 2 литра млеко доволно е 1 децилитар јогурт), добро ќе го измешате и ќе го оставите поклопено на топло место 2-3 часа. После тоа треба го ставите во фрижидер.
Хранливост
[уреди | уреди извор]Јогуртот е богат со белковини, калциум, витамин Б2 (конкретно рибофлавин) и Витамин Б12.[1]
Луѓето кои не поднесуваат млечен шеќер (лактоза) може слободно да пијат јогурт, бидејќи лактозата во процесот на ферментација се претвора во млечна киселина. Исто така, јогуртот се користи и во медицината, конкретно за лечење на проблеми во системот за варење[2] и за спречување дијареја предизвикана од антибиотици.[3]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „-{Yale-New havel Hospital nutrition advisor - Understanding yogurt}-“. Архивирано од изворникот на 2008-10-06. Посетено на 2017-02-01.
- ↑ O. Adolfsson et al., "Yogurt and gut function", American Journal of Clinical Nutrition 80:2:245-256 (2004)}- ([1])
- ↑ -{Ripudaman S. Beniwal, et al.}-, "-{A Randomized Trial of Yogurt for Prevention of Antibiotic-Associated Diarrhea}-[мртва врска]", -{Digestive Diseases and Sciences 48:10:2077-2082 (October, 2003)