Булгур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Булгур

Булгур (арапски: برغل‎ bourghoul) – храна од жита направена од издробени, провриени зрна различни видови пченица, најчесто дурум (цврста). Потеклото му е од Средниот Исток.[1]

Особини[уреди | уреди извор]

Булгур, зготвен
Хранлива вредност по 100 г
Енергија83 kcal (350 kJ)
18,58 g
Шеќери0,10 g
Влакна4,5 g
0.24 g
3,08 g
Витамини
Витамин А (екв.)
(0 %)
0,0 μг
Витамин А1 МЕ
Тиамин 1)
(5 %)
0,057 мг
Рибофлавин 2)
(2 %)
0,028 мг
Ниацин 3)
(7 %)
1,000 мг
Витамин Б6
(6 %)
0,083 мг
Фолна кис. 9)
(5 %)
18 μг
Витамин Ц
(0 %)
0,0 мг
Витамин Е
(0 %)
0,01 мг
Минерали
Калциум
(1 %)
10 мг
Железо
(7 %)
0,96 мг
Магнезиум
(9 %)
32 мг
Фосфор
(6 %)
40 мг
Калиум
(1 %)
68 мг
Натриум
(0 %)
5 мг
Цинк
(6 %)
0,57 мг
Други составници
Вода78 g

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Булгурот често луѓето го мешаат со бунгурот, дробената пченица, кој за разлика од булгурот не се проварува. Булгурот е вообичаена состојка која се користи во кујните на Средниот Исток и Медитеранот.

Има лесен, оревест вкус.

Булгурот се разликува во зависност од издробеноста. Може да биде лесно, средно и екстра сомелен. Најквалитетен булгур е оној кој е сомелен до еднолична големина на честичките.

Булгурот е признат како цело зрно од страна на Американското одделение за агрокултура.

Употреба во кујна[уреди | уреди извор]

Булгурот не изискува готвење, иако може да е дел од готвените јадења. Потребно му е само потопување во вода.

Грубиот булгур се користи за правење готвени јадења, додека средните и фините зрна се користат како житарки за појадок, салати како што се кисир, пилав, леб, како и за десертни пудинзи.

Кашата од булгур е слична на фрумент, испукана пченична каша која била основа на средновековната кујна.

Може да се користи и како додаток на други јадења на ист начин како тестенините или оризот. Некогаш луѓето го мешаат со ориз бидејќи има сличен изглед иако тесктурата е различна.

На Кипар е познат како „пуркури“ и се користи за подготовка на „κούπες“ (кои на кипарски турски се нарекуваат „булгур кофтеси“) и разни видови киба.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bulgur (англиски), 2019-10-26, Посетено на 2019-12-27
  2. „Bulgur - žitarica za dobro zdravlje“. www.zdravasrbija.com. Посетено на 2019-12-27.