Прејди на содржината

Баклава

Од Википедија — слободната енциклопедија
Баклава
Баклава
Парчиња баклава во триаголен облик
Дел од оброкотдесерт
Место на потеклоОтоманско Царство[1]
РегионБалкан, Близок Исток, Кавказ
Главни состојкикори, ореви, засладувач
Варијантиповеќе

Баклава (турски: baklava) — вид многу сладок десерт. Баклавата всушност претставува слатка пита што може да има и до 70 тенки кори. Таа потекнува од просторите на поранешното Отоманско Царство и денес се приготвува во земјите наследнички. Оттука, десертот се среќава во македонската, црногорската, босанската, српската, бугарската, грчката и турската кујна. Баклавата во минатото се приготвувала исклучиво во домаќинствата или слаткарниците, но денес може да се најде и во продавници и самопослуги како полуиндустриски производ.

Потекло на поимот

[уреди | уреди извор]

Историчарот Паул Д. Буел тврди дека поимот „баклава“ најверојатно потекнува од монголскиот збор „бајла-“ со значење „врзува, обвиткува“ и туркискиот глаголски завршеток „-в“;.[2] всушност, зборот „бајла-“ се среќава во туркиските јазици како позајмен збор.[3] Ерменскиот јазичар Севан Нишанјан смета дека најстарите називи на десертот биле „баклаги“ и „баклагу“ потекнувааат од времето пред 1500 година и имаат пратурско потекло.[4] Друг облик на поимот исто така се среќава и во персискиот јазик како „баклаба“ (باقلبا).[5] Иако наставката „-ва“ укажува на можно персиско потекло,[6][7] делот „бакла-“ не е персиски и неговото потекло останува неразјаснето.[8]

Арапскиот назив „баклава“ (بقلاوة) веројатно потекнува од турскиот јазик.[9]

Историја

[уреди | уреди извор]

Историјата на баклавата не е доволно документирана, но нејзиниот денешен облик се претпоставува дека се појавил во царските кујни на Топкапи-сарај во Истанбул.[10] Султанот ги послужувал јаничарите со баклава секој 15. ден од рамазанскиот пост на свеченост наречена „баклавска поворка“ (Baklava Alayı).[11][12]

Постојат три предлози за предотоманско потекло на баклавата: римската плацентна торта којашто била застапена во византиската кујна,[13] средноазиската турска традиција на приготвување повеќеслоести лебови[14] и персиското јадење „лаузаинак“.[11]

Подготовка

[уреди | уреди извор]
Плехови со баклава

Баклавата обично се приготвува во големи плехови. Во плехот се поставуваат повеќе слоеви на кори кои се раздвоени со растопен путер и растително масло. Слој од ситно сецкани ореви (понекогаш и лешници или ф'стаци) се поставува на врвот, а потоа истиот се покрива со повеќе слоеви на кори. Најголемиот број рецептi се состојат од повеќе слоеви на кори и ореви, иако кај некои се среќава само по еден слој ореви меѓу два дела од кори.

Пред печење на температура од 180 °C во времетраење од 30 минути, тестото се расекува на повеќе парчиња, кои најчесто се во облик на паралелограм, триаголник, делтоид, правоаголник или квадрат. По печењето, баклавата се посипува со сируп од мед, розова или портокалова вода и се остава течноста да ја впие.

Баклавата обично се послужува на собна температура со парчиња јаткасти плодови.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Timothy G. Roufs, Kathleen Smyth Roufs (2011). Sweet Treats around the World: An Encyclopedia of Food and Culture: An Encyclopedia of Food and Culture. ABC-CLIO. стр. 340. ISBN 9781610692212. Посетено на 22 јануари 2017.
  2. Paul D. Buell, "Mongol Empire and Turkicization: The Evidence of Food and Foodways", p. 200ff, in Amitai-Preiss, 1999.
  3. Sukhbaatar, O. (1997). A Dictionary of Foreign Words in Mongolian (монголски). Ulaanbaatar. стр. 25. Архивирано од изворникот (PDF) на 25 септември 2006. Посетено на 8 октомври 2008.
  4. Nişanyan, Sevan (2009) (in Turkish). Sözlerin Soyağacı - Çağdaş Türkçenin Etimolojik Sözlüğü [Words' Family Tree - An Etymological Dictionary of Contemporary Turkish]. İstanbul. http://nisanyansozluk.com/?k=baklava.
  5. loghatnaameh.com. „Dehkhoda Persian Dictionary, باقلبا“. Loghatnaameh.com. Архивирано од изворникот на 3 октомври 2011. Посетено на 2012-04-22.
  6. Batmanglij, Najmieh, A Taste of Persia: An Introduction to Persian Cooking, I.B.Tauris, 2007, ISBN 1-84511-437-X, 9781845114374. стр. 156.
  7. Marks, Gil, Encyclopedia of Jewish Food, John Wiley and Sons, 2010, ISBN 0-470-39130-8, ISBN 978-0-470-39130-3; page 38.
  8. W. Eilers, Encyclopædia Iranica, s.v. 'bāqlavā'
  9. Akın and Lambraki, Turkish and Greek Cuisine / Türk ve Yunan Mutfağı p. 248-249, ISBN 975-458-484-2
  10. Perry 1994, 87.
  11. 11,0 11,1 Marks, Gil (2010). Encyclopedia of Jewish Food. Houghton Mifflin Harcourt. стр. 151. ISBN 978-0470391303.
  12. Wasti, Syed Tanvir (2005). „The Ottoman Ceremony of the Royal Purse“. Middle Eastern Studies. 41 (2): 193–200. doi:10.1080/00263200500035116.
  13. Patrick Faas (2003). Around the Roman Table: Food and Feasting in Ancient Rome. Chicago: University of Chicago Press. стр. 185f.
  14. Perry, Charles. "The Taste for Layered Bread among the Nomadic Turks and the Central Asian Origins of Baklava", in A Taste of Thyme: Culinary Cultures of the Middle East (ed. Sami Zubaida, Richard Tapper), 1994. ISBN 1-86064-603-4, page 87

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]