Розова вода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Розова вода — хидросолскиот дел од прочистената течност од ливчиња од рози. Таа е средниот производ од производството на розово масло, кое пак се употребува во парфемите, се користи како зачин во исхраната, како составен дел во некои козметички и медицински препарати како и за религиозни цели низ цела Европа и Азија. Сирупот од роза е направен од розова вода и шеќер.

Потекло[уреди | уреди извор]

Уште од антиката розата била високоценета поради нејзините својства што мириса на парфем, поради медицинската употреба и хранливите својства. Всушност ценета е толку многу што старите Грци, Римјани и Феникијци се грижеле за големите јавни градини со рози толку колку што се грижеле и за житните полиња и овоштарниците.[1] Парфемите со мирис на роза се направени од масло од роза или уште наречено есенција од роза, која е мешавина од испарливи масла добиени со парна дестилација на издробени ливчиња од роза. Овој процес првично бил развиен во Персија и Бугарија. Водичката од роза е спореден производ на овој процес.

Употреба[уреди | уреди извор]

Розовата вода има многу својствен вкус и во голема мера се користи во персиската и месопотамската кујна, особено во слатки како што се нугат (колачи, пралини), локум и баклава. На пример розовата вода се додава во некои видови на локум за да се добијат тие карактеристични вкусови. Покрај нејзината употреба во храната, розовата вода наоѓа примена и како парфем, посебно во верските обреди (исламски и зороастриски).

Кипарската верзија на Махлеб(сладок зачин) користи розова вода. Во Иран ја додаваат во чај, сладолед, колачи и други слатки во мали количини, а во арапскиот свет и Индија се користи за зачинување на млеко и јадења базирани на млеко како што е сутлијашот. Розовата вода е клучна состојка во слаткиот пијалак ласи направен од јогурт, шеќер и неколку видови овошни сокови, а исто така се користи и за да се направи напивката џалаб во Малезија и Сингапур розовата вода се меша со млеко, шеќер и розова прехранбена боја за да се направи слаткиот пијалак бандунг. Се користи и како ахалал, замена за црвеното вино и некои други алкохолни пијалаци во готвењето.

Западна Европа, розовата вода (како и водата од портокаловиот свет) понекогаш се користи за зачинување на марципан. Во aмериканските и eвропските пекарници уживале во цветните ароми на розовата вода во нивните печива сè до XIX век, кога ванилата станала популарна.

Во САД, розовата вода се користи за да се прави розова земичка и бел слез (шеќерлема). Маслото од розовата вода повремено се користи и како омекнувач за алишта а розовата водичка наоѓа примена и во козметиката односно во маските за лице. Ваквото масло се додава во водата од светиот бунар Земзем во Мека, со која обредно се чисти внатрешноста на ќабата.

Се користи и во некои хиндуистички обреди, а ја има и во христијанството, поточно во Источната православна црква.[2] Розовата вода за прв пат ја создале хемичарите во средновековниот исламски свет, преку дестилација на рози за нивна употреба за пиење и за парфимериите.

Во делови од Блискиот Исток, розовата вода вообичаено се додава и во лимонада.

Во Индија се користи и како капки за очи, за нивно прочистување, а некои ја прскаат директно на лицето во вид на спреј за природен мирис, како и во вид на хидратантен крем, особено зимно време. Се користи и во некои индиски слатки и други прехранбени производи (особено гулаб јамун, именуван според персискиот збор за розова вода) а на индиските свадби често кога се пречекуваат гостите, тие се попрскуваат со розова вода.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "The rose in Ancient times". Rosense.uk.com. конс. 2012-06-30. 
  2. "Journey through Holy Week & Pascha". Holy Apostles Greek Orthodox Church. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]