Спанаќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Спанаќ
Spinacia oleracea Spinazie bloeiend.jpg
Спанаќ во период на цветање
Научна класификација
Царство: Plantae
Нерангирано: Angiosperms
Нерангирано: Eudicots
Нерангирано: Core eudicots
Ред: Caryophyllales
Семејство: Amaranthaceae,
formerly Chenopodiaceae[1]
Род: Spinacia
Вид: S. oleracea
Биномен назив
Spinacia oleracea
L.

Спанаќот е едногодишно растение , кое има изразено зелени нежни листови. Него можеме да го набавиме на сите зелени пазари, па и во добро снабдените маркети. Tој е еден од најмоќните пролетни зеленчуци.

Потекло[уреди | уреди извор]

Спанаќот бил познат уште на древните стари народи. Се смета дека во Европа бил донесен во 15 век ос страна на Арапите. Во 17 век тој бил исклучително популарен се приготвувал и служел со шеќер.

Состав[уреди | уреди извор]

Спанаќ,
Хранлива вредност по 100 г
Енергија 97 kJ (23 kcal)
3,6 г
Шеќери 0,4 г
Влакна 2,2 г
0.4 г
2,9 г
Витамини
Витамин А (екв.)
(59 %)
469 μг
(52 %)
5.626 μг
12.198 μг
Витамин А 9.377 МЕ
Тиамин 1)
(7 %)
0.078 мг
Рибофлавин 2)
(16 %)
0,189 мг
Ниацин 3)
(5 %)
0,724 мг
Витамин Б6
(15 %)
0,195 мг
Фолна кис. 9)
(49 %)
194 μг
Витамин Ц
(34 %)
28 мг
Витамин Е
(13 %)
2 мг
Витамин К
(460 %)
483 мг
Минерали
Калциум
(10 %)
99 мг
Железо
(21 %)
2,71 мг
Магнезиум
(22 %)
79 мг
Манган
(43 %)
0,897 мг
Фосфор
(7 %)
49 мг
Калиум
(12 %)
558 мг
Натриум
(5 %)
79 мг
Цинк
(6 %)
0,53 мг
Други составници
Вода 91,4 г

Постотоците се според препораките за возрасни во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Спанаќот е растение кое е многу богато со вода. Тоа има многу ниска калорична вредност,' 2,2 % протеини, 3,9 % јаглехидрати и 0,5 % масти'. Сепак акцентот треба да се стави на минералнито статус на спанаќот, да доминира по здравствената ефикасност пред сите други зеленчуци кои се одгледуваат во овој период од годината. Спанаќот содржи:

  • Фолна киселина – 50% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Витамин А-60% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Витамин Ц-35% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Железо-20% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Магнезиум-20% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Рибофлавин-15% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Калциум-10% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Калиум-15% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Витамин Б6-15% од дневно препорачаната доза по оброк
  • Витамин Е-15% од дневно препорачаната доза по оброк

Корисноста на спанаќот[уреди | уреди извор]

Оранжериско одгледување на спанаќ под пластеник во Македонија

Спанаќот го подобрува работењето на срцето и функцијата на мускулите. Тој го потикнува функционирањето на панкреасот, а влијае врз намалување на крвниот притисок, со што го плеснува работењето на срцето и бубрезите. Спанаќот е вистински детоксикант за организмот го чисти токсините и ги буди сите забавени метаболички процеси. Спанаќот исто така влијае во јакнење на влакната на косата, јакнење на ноктите, а ја чува и одржува виталноста на кожата. Спанаќот го чува здравјето на нервниот систем, но исто така го засилува и чува имуниот систем, благодарејќи на високите количества на витамини кои ги содржи. Огромната количина на фолна киселина јасно укажува дека спанаќот треба да биде конзумиран од страна на анемичните лица и бремените жени, спанаќот содржи и многу железо, па поради ова тој е делотворен без разлика за каква анемија се работи.
Сепак треба да се напомене дека спанаќот содржи оксална киселина која може да предизвика кристалчиња кои се таложат во бубрезите ако се внесува во големи количини, затоа спанаќот треба да го јадат помалку луѓето кои имаат проблеми со функцијата на бубрезите. , за да се превенира оксалната киселина, треба добро да се отстраните дршките на листовите, а спанаќот доколку биде конзумиран со млеко, тогаш навистина нема да постои оваа мала штетна особина. Оксалната киселина се врзува со калциумот од млекото и се излачува од организмот. Сепак, воопшто не треба да се грижите дека спанаќот може да им наштети на бубрезите , тој само се препорачува во помали количини кај бубрежно слабите лица.

На што треба да се внимава при конзумирање на спанаќ[уреди | уреди извор]

Спанаќот се јаде веднаш по проготвувањето , еднаш подготвен спанаќ не смее повторно да се подгрева.Не користете многу вода додека го готвите спанаќот, за да го зачувате неговиот квалитетен нутритивен статус.Се препорачува да се фрли водата во која е варен спанаќот бидејќи е заситена со натриум.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Спанаќ нутритивна вредност | Спанаќот - пролетен зеленчук