Минерал

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Минерали)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Минерал

Минерал (Латински јазик: Mineralis) - соединениe на два или повеќе елементи, а може да се јават и како поединечни елементи (злато, сулфур, бакар и др). Минералите ги проучува минералогијата.

Историјат[уреди | уреди извор]

Уште во праисториско време минералите го привлекле вниманието на човекот. Праисторискиот човек ги одбирал парчињата кремен што можел да ги употребува како секира, нож или врв за копје. Значењето на минералите растело паралелно со развитокот на материјалната култура на човекот. Најстариот запис за минералите е расправата „За камењата“ од грчкиот учен Теофраст (321 — 286 година п.н.е.). Во ова свое дело тој наведува 16 различни видови минерали кои ги дели на камења, метали и земја. Особено внимание тој посветува на нивното практично значење, па затоа неговото дело е окарактеризирано и како „стопанска минералогија“. Минералогијата е наука за минералите. Таа започнува да се развива во времето на ренесансата.

Состав на земјината кора[уреди | уреди извор]

За да се определи составот на карпите, треба да се одредат минералните видови од кои се составени, како и нивните количински односи. За објаснување на процесите на создавање на карпите, како и за класификацијата на самите карпи е неопходно темелно и комплексно да се познаваат минералите од кои се изградени. Земјината кора е изградена од елементи со минерално потекло кои се продукт на природните хемиски реакции. Тие се главно од неорганско потекло, настанати по пат на геохемиски процеси од материјалот што е врзан непосредно за Земјината кора. Со учество на биохемиските процеси настануваат минерални тела со органско потекло — биолити (јаглен, органоген варовник итн.). На површината на Земјината кора се среќаваат и такви тела што се со потекло од меѓупланетарниот простор. Тоа се метеоритите, односно минерални тела со вселенско потекло.

Минералите како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

  • „Минерал“ (Mineral) - песна на американската рок-група „Бафало Том“ (Buffalo Tom) од 1991 година.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]