Бобовидни

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бобовидни
Бобовидни
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Розиди
клад: Еурозиди I
Ред: Бобовидни
Bromhead
Фамилии

Fabaceae (бобовидни)
Quillajaceae (квилаи)
Polygalaceae (млечни треви)
Surianaceae (суријани)

Бобовидните (науч. Fabales) се ред на цветни растенија во рамките на розидната група на евдикотите (систем APG II). Според APG II, во редот влегуваат фамилиите Бобови (Fabaceae) (со потфамилиите Цезалпинии (Caesalpinioideae), Мимози (Mimosoideae) и Глушини (Faboideae)), Квилаи (Quillajaceae), Млечни треви (Polygalaceae) и Суријани (Surianaceae). Во постариот Кронквистов систем и некои други системи, редот Бобовидни ги содржи само Бобовите, а останатите фамилии се сместени во посебни редови.

Како трета најголема фамилија на растенија во светот, Бобовите се одликуваат со најголема разновидност во редот Бобовидни. Другите две фамилии имаат споредбено мала удел во богатството на видови. Покрај ова, бобовите видови се храна за разни пеперутки и молци.[1][2]

Распределба[уреди]

Бобовидните се космополитски ред растенија, со исклучок на тоа што во северниот дел на северниот умерен појас добро распространета е само фамилијата Глушини од Бобовите.[3]

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Janz, N; S Nylin (1998). „Butterflies and plants: A phylogenetic study“. „Evolution“ (Society for the Study of Evolution) 52 (2): 486–502. doi:10.2307/2411084. 
  2. DeVries, PJ; AI Chacon (1992). „Toward a better understanding of host use and biodiversity in riodinid butterflies“. „Journal of Research on the Lepidoptera“ 31 (1–2): 103–126. 
  3. Стивенс, П.Ф. (7 мај 2006). „Филогенија на скриеносемениците“. Ботаничка градина - Мисури. http://www.mobot.org/MOBOT/research/APweb/. конс. 20 ноември 2006.  (англиски)