Селото е сместено во подножјето на В’ро, која е разгранок на Вич. Селото е подигнато по доаѓање на Турците, од сточари од Преспа. Во почетокот било сместено во планинскиот венец Винов Танец во месноста Рушов и Кокошинова Лапка, а подоцна во месноста Селиште. Во селото имало голема мигарација во прекуморските земји и во Бугарија. Селото настадало во Граѓанската војна со што 62 семејства пребегнале во Македонија. До 1961 се иселиле 30 семејства во прекуморските земји. Селото одгледува жито, грав, јаболки и друго. Слава на селото е христијанскиот празник Св. Атанас - летен.