Костурски дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
  Костурскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Костурски дијалектмакедонски дијалект во југозападната група на југоисточното македонско наречје.

Се зборува во Костурско, Егејска Македонија, областа Корешта, северно од градот Костур, како и селата Врбник и Билишта, денес во Албанија. Денес, дијалектот се среќава во говорна форма, но во минатото го среќаваме и во пишана форма, на пр. весниците Нова Македонка и Единство. Најстарите податоци за говорот од Костурско ги среќаваме во „Македонски лексикон од XVI век“ (Un Lexique Macédonien du XVI siècle), кој содржи повеќе од 300 зборови и фрази од село Богатско.

Фонолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • старословенските гласови Ѫ (он) и Ѧ (ен) преминале во , , ен, ем : д'нб (даб), п'нт (пат), гр'нди (гради), з'мп (заб), г'мба (габа), ендар, говендо, гренда, ерембица
  • замена на старословенските ерови Ъ > о, Ь > е : вошка, сон, дош, свекор, пекол, ден, темен, тенка
  • на местото на старословенските *tj, *dj се среќава шч и ж, поретко жџ : свешча, лешча, вежџа, межа, вежџа; понекогаш ќ и ѓ : куќа, гаќи, миѓу
  • испуштање на буквата т при членувањето на именките за м.р. : брато, градо

Морфолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • сегашно време 1л.ед. со а : ода (одам), плета (плетам), пренда (предам)
  • употреба на суфиксот -нишча за множина на зборови ср.род: кученишча, поленишча
  • употреба на предлозите во и со
  • глаголски конструкции со имам : Јас им правено.
  • остатоци од групата чере заедно со цр : црн, черно, череша

Лични заменки[уреди | уреди извор]

Еднина[уреди | уреди извор]

  • Јас
  • Ти
  • Тој
  • Таа
  • Тоа

Множина[уреди | уреди извор]

  • Ниe
  • Виe
  • Тиа

Надворешни врски[уреди | уреди извор]