Долнопреспански дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Долнопреспанскиот дијалект на картата на македонските дијалекти
Извадок од животната приказна на постара жена од с. Шулин, Долна Преспа (во денешната област Горица/Корча), раскажана на долнопреспанскиот дијалект.

Извадок од говор на маж од с. Нивици, Мала Преспа, раскажан долнопреспански дијалект.

Проблеми со пуштањето? Помош.

Долнопреспанскиот дијалект е дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на источното и јужното преспанско крајбрежје. Долнопреспанскиот дијалект е близок со горнопреспанскиот и со костурскиот дијалект и дели поголем број на особености со соседните дијалекти.

Фонолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • фиксиран акцент
  • употреба на палатално Ј
  • употреба на Ф и В наместо старословенската буква Х.
  • јатот е заменет со е.

Морфолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • употреба на предлогот од за присвојна форма
  • употреба на наставката -ој наместо -ови за множина
  • употреба на трите членови
  • губење на меѓусамогласното в во заменки

Надворешни врски[уреди | уреди извор]