Југоисточно македонско наречје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Југоисточномакедонското наречје е едно од трите наречја на македонскиот јазик. Наречјето се зборува на територијата на источна Македонија, Пиринска Македонија и Беломорска Македонија. Поголем дел од дијалектите на ова наречје денес се зборуваат надвор од границите на Република Македонија. Ова наречје се дели на три подгрупи:источна група, југозападна група и југоисточна група.

Југоисточното наречје ги зафаќа областите Тиквеш, Мариово, Раец, Витачево, Бошава, Штипско, Кочанско Поле, Осоговија, Струмичко-радовишката Котлина, Радовишки Шоплук, Лакавичко, Бојмија, Дојранско Поле, Малешевија и Пијанец во Република Македонија, потоа Горноџумајско, Разлошко, Петричко, Санданско и Неврокоп во Пиринска Македонија и во Вардарија, Кукушко, Серско, Драмско, Лагадинско, Ениџевардарско, Воденско, Мегленско, Кајларско, Леринско и Костурско (Пополе, Корешта, Костенарија и Нестрамско) во Егејска Македонија.

Дијалекти на југоисточномакедонското наречје[уреди | уреди извор]