Рекански дијалект
Изглед
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Рекански дијалект или жировнички дијалект — дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Реканскиот дијалект е близок дијалект со галичкиот дијалект и со дебарскиот дијалект. Овој дијалект, како и останатите од оваа група, содржи доста архаични зборови.
Територија
[уреди | уреди извор]Дијалектот се зборува во селата Жировница, Видуше и Болетин кои се наоѓаат во горниот тек на реката Радика.
Фонолошки одлики
[уреди | уреди извор]- зачестена употреба на согласката ф
- намалена употреба на согласката Џ, наместо неа се употребува ж или жд
- употреба на о наместо а
Морфолошки одлики
[уреди | уреди извор]- завршетокот на глаголите од а групата често се изговараат како глаголи од е група: играaт > играет
- употреба на трите членови
- употреба на наставката -т за трето лице еднина
- употреба на предлогот во/в.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||