Струшки дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Струшкиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Струшкиот дијалект е дијалект што спаѓа во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на градот Струга со околината. Струшкиот дијалект е близок дијалект со охридскиот дијалект и со вевчанско-радошкиот дијалект. Овој дијалект дели поголем број на кракатеристики со дијалектите од тој регион.

Класификација[уреди | уреди извор]

Охридско-струшките говори влегуваат во една поголема дијалектна целина: охридско-преспанска група. Охридско-струшките говори имаат многу заеднички јазични особености кои ги споделуваат со поширокиот регион во рамките на западното наречје, но имаат и свои специфични дијалектни особености. Потесна диференцијација има во рамките на самата група, од една страна се издвојуваат охридските говори (градскиот охридски говор, пештанско-љубанишкиот и говорот на Дебарца), а од друга страна се издвојуваат струшките говори (струшкиот говор во потесна смисла на зборот, вевчанско-радошкиот и торбешкиот струшки говор).

Територија[уреди | уреди извор]

Струшкиот говор ги опфаќа градот Струга и селата: Враниште, Октиси, Вишни, Лабуништа, Подгорци, Бороец (кои се наоѓаат на западниот дел од реката Дрим), Присовјани, Глобочица, Брчево, Биџево, Ташмаруништа и Ложани (кои се распоредени по десната (источната) страна на реката Дрим. Географско дијалектната граница на струшките говори се движи на север приближно по линијата Пресека - Караорман, го сече Дрим кај Глобочица и излегува на Јабланица нешто малку посеверно од селото Бороец. На запад дијалектната граница се поклопува со етнографската граница кон Албанија (на албанска страна остануваат неколку македонски села), на југ и југоисток струшките говори граничат со охридските, а на исток со централните говори.

Фонолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • фиксиран акцент
  • губење на интервокално в
  • губење на интервокално г
  • губење на интервокално д

Морфолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • употреба на суфиксот -иче за именки од женски род
  • употреба на суфиксот за трето лице еднина
  • употреба на трите членови
  • употреба на на предлогот во
  • зачестена употреба на перфектните форми