Охридски дијалект
Изглед

| Проблеми со пуштањето? Помош. | |
Охридски дијалект — дијалект во подгрупата на западни и северозападни дијалекти на западното наречје на македонскиот јазик. Дијалектот се зборува на територијата на градот Охрид со околината по источниот брег на Охридското Езеро. Охридскиот дијалект е близок дијалект со струшкиот дијалект и со вевчанско-радошкиот дијалект. Овој дијалект дели поголем број на кракатеристики со соседните дијалекти.
Фонолошки особености
[уреди | уреди извор]- неподвижен акцент
- загуба на меѓусамогласното в
- загуба на меѓусамогласното г
- загуба на меѓусамогласното д
Морфолошки особености
[уреди | уреди извор]- употреба на наставната -иче за именки од женски род
- употреба на сите трите членови
- зачестена употреба на свршените облици (перфект)
Глаголи
[уреди | уреди извор]- наставките за сегашно време се следниве: за прво лице еднина е -ам, за второ -ш, за трето -т, а за множина се: -ме за прво лице, -те за второ и -ет за трето лице[1]
| а-група | и-група | ||
|---|---|---|---|
| Еднина | |||
| 1л. | викам | 1л. | паднам |
| 2л. | викаш | 2л. | падниш |
| 3л. | викат | 3л. | паднит |
| Множина | |||
| 1л. | викаме | 1л. | падниме |
| 2л. | викате | 2л. | падните |
| 3л. | викет | 3л. | паднет |
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 Марковиќ, Марјан (2007). Ароманскиот и македонскиот говор од охридско-струшкиот регион : (во балкански контекст). Македонска академија на науките и уметностите. стр. 111. ISBN 9789989101731.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Аудио материјал од говорот од Канео (Варош), Охрид од колекцијата на Божидар Видоески - Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ Архивирано на 10 март 2016 г.
- Аудио материјал од говорот од с. Трпејца, Охридско од колекцијата на Божидар Видоески - Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ Архивирано на 10 март 2016 г.
| ||||||||||||||||||||||||||||||||||||||
