Солунско-воденски дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Солунско-воденскиот дијалект на картата на македонските дијалекти

Солунско-воденскиот дијалект или долновардарски говори претставува дел од југоисточното наречје на македонскиот јазик. Се зборува на една поширока територија на Егејска Македонија, во Солун и неговата околина, Воденско, Мегленско, Кајларско, Берско, Кукушко, Ениџевардарско, Гевгелиско (Бојмија), Дојранско.

Територија[уреди | уреди извор]

Долновардарските говори ја опфаќаат територијата помеѓу планината Круша на исток и Островското Езеро и планината Снежник на запад, и помеѓу државната македонско-грчката граница до планината Ниџе на север и реката Бистрица со Егејското Море на југ.[1]

Солунски говор[уреди | уреди извор]

Фонетски карактеристики[уреди | уреди извор]

  • Основна замена на ь со е во акцентирана позиција: ден, венец, лен, и со ă во неколку случаи: дăнеска, тăмница, односно со и во неакцентирана позиција: десин, вăглин, куониц...                                       
  • Основна замена ъ со о во акцентирана позиција: дош, бочва, вошка и со ă во неколку случаи: сăн, сăс.
  • Развој на ъ2 во ă во кореновиот слог: мăгла, лăжа, лăжúца, односно во ăм // ÿм во суфиксот *-tmъ: седам, уосам // седÿм, уосÿм...
  • Основен континуант ă од ѫ: зăп, сăдба, предехă, крадăт, сă, и рефлексот у во неколку случаи: куќа, вруќина, ÿружéн...
  • Замена на ѧ во е: жетва, клетва, рет и во ă во ретки примери:  девăт, десăт...
  • Ретки остатоци од назализмот: енѕа, кленѕа...
  • Континуант е од ѣ: дете, ѕвезда, трева, црева...
  • Редукција на неакцентираните вокали дури и на крајот од зборот: а >ă: играјах, знајах, е > и: поли, јајци, жилезо, камин, о > ÿ: житÿ, ÿтипýвах, ÿрéх, дăбÿви...
  • Рефлекс и од ы: мишка, киселÿ, бик...
  • Рефлекси р, рă и л, лă од р и л: прстен, врни, црква, врăх, прăстÿт, влна, слѕа, слăнци...
  • Двојна вредност од групите *tj, *dj: шт // шч, жд и ќ,ѓ // к, г : гашти, сношти, лешча // лешќа, - сажди, ноќ // нок, фаќам, вруќина, повеќи, ќерќÿ, врејќа, ки, - меѓу, меѓа, саѓи...
  • Вредности шт, шч, шќ наместо *stj, *skj, *zdj, *zgj: јаришча, клешчи, ошќе, дождови...
  • Вметнување на ш и д во групите ср, зд: страм, стретéх, стреда, здраќи, здрнцалÿ...
  • Чување на х : хубаф, хладну, суха, муха, прах, врх, со исклучок на с. Вардаровци, каде што х исчезнува: муа, ореи, одăм...
  • Развој на групата чрь- во цр- : црну, црвен...
  • Двојна замена на групата цвь- со цве- : цвете, цвети и со цăв- : цавти, цафт...
  • Слободен акцент: понáпрет, кумáт, вéкот, зборÿвáјки, зáјиц, дáј, дадéјте, вá ден, чекáјте...

Морфолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • Множинска наставка - иња кај именките од машки и среден род: вăглиња, уогиња, камиња, ждребúња, прасúња, кучúња...
  • Множинска наставка – ишта // - ишча кај едносложните именки од машки род: дворишта, пăтишча, рăбишта // рăбишча, покрај наставката –ови: градÿви, лебÿви...
  • Губење на родовата диференцијација кај заменките: ва дењ, ва гудúна, ва дете...
  • Употреба на на-конструкцијата за изразување на општата форма: ва човек ма кара на мен, гÿ кара на коњÿт...
  • Употреба само на членот –т, -та, -то: ксртот, мăжÿт, реката, жената, дрвото, детто...
  • Наставка –м во прво лице еднина на презентот: чекам, предам, носăм, сăм...
  • Отсуството на наставката –т во трето лице еднина на презентот: тепа, врни, расте...
  • Наставка –ме во прво лице множина на презентот: земиме, јадеме, јахаме...
  • Наставка –т во трето лице множина на презентот: крадăт, дават, носăт...
  • Наставка –ха во трето лице множина на аористот: нăрачăха, паднахă, сÿнихă, сăдихă...
  • Наставки –ех, -ехме, -еха во прво лице еднина и множина и за трето лице множина на аористот кај глаголите од о-раздел: најдéх, најдехме, најдехă, прÿдадéх, прÿдадехме, прÿдадéхă, предéх, предéхă... [2]

Воденски говор[уреди | уреди извор]

Фонетски карактеристики[уреди | уреди извор]

  • Редукција на неакцентираните вокали: на е во и во сите позиции, освен на крајот на зборот: вритéну, зилéн, здравии, камин, но: време, име, носиме, и во ă во ретки случаи: мă, тă, сă, нă, вă, девăт, десăт; на а во ă во сите позиции, дури и на крајот од зборот: ăршин, вадă, нивă, цăрицă; и на о во у во сите позиции, дури и на крајот од зборот: гувéду, селу, уфчáр, чувéкот...
  • Елизија на вокалите, особено пред членските морфеми: воскут, грăдúнта, нивтă, пил’ту...
  • Редовен континуант е наместо ѧ: зет, педă, рет...
  • Редовна замена на ѫ со ă: дăп, зăп, носиă, одиă...
  • Ретки остатоци од назализмот: гренди, еднăр, жăлăндрук...
  • Континуант о наместо ъ во коренот на зборот: бозлик, бочвă, мох...и во суфиксот –ъкъ: восук, дубúтук...
  • Развој на ъ2 во ă во коренот на зборот: магла, маска, и во групите свь- и цвь- : усăмнá, цăф, цåфте...
  • Замена на ѣ со е: леп, млеку, нем, рекă, освен во групата цѣ-, каде што има вредност а: цадăм, цал, цăлúнă...
  • Вредности ăр // рă од вокалното р: бåркăм, гåрне-грåнци, зåрну-зрåнца, и ăл од вокалното л: вăлк, гåлштăј, дăлк, мåлчăм...
  • Рефлекс тќ од групата тьј: братќа, сватќа...
  • Антиципација на мекост јн во групата ньј: нусéјне, сидéјне, учéјне...
  • Чување на х на крајот од зборот: Влах, смех, сирумáх, страх, удúх, нусéх, урéх...
  • Почеста замена ќ (јќ), ѓ (јѓ) наместо *tj, *dj: врејќа, свејќа, кујќа, ќерка, ќи, гајќи; вејѓи, мејѓа и др. наспрема вредностите шч, жџ: гуришчúна, ношчиф, сношчи, вижџáрка, чужџиу...
  • Вредности шч, жд (жџ) наместо прасловенските групи *stj, *skj, *zgj: тешча, чужда, дожџе, прежџа...
  • Вметнување т, д во групите ср и зр: страм, сртеда, здрак, здрелу...
  • Развој на групата чрь- во цăр- : цăрвен, цåрну, цåрпăм...
  • Слободен, морфолошки фиксиран акцент: селу-сел’јă-сел’јăтă, чувéк-чувéци, зилéн-зилéнă-зилéну-зилéни, носăм-носиш-носе-нос’ме-нос’те-носăт...

Морфолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • Ретка употреба на множинската наставка кај именките од машки род: зåбе, мише, снопе...
  • Членска морфема -ут: крајут, столут... 
  • Лични заменки ниă, виă за прво и второ лице множина.
  • Лични заменки за трето лице он, онă, они.
  • Кратка дативна заменска форма му за сите три рода во еднина и множина: му ричéл нă жентă, дајте му и нă женте...
  • Изразување на дативот со предлогот на и општата форма: нă мене, нă тебе...
  • Кратки акузативни заменски форми: мă, тă, сă, нă, вă.
  • Кратка акузативна заменска форма ă за женски род.
  • Партикула -зе (ка) кај личните заменки: јаскă // јазикă, меникă, тебикă...
  • Посесивна заменска форма нејн, -ă, -у, -и за трето лице женски род.
  • Систем од две показни заменки: во, ва, виă; то, та, тиă.
  • Презентска наставка -(ă)м за прво лице еднина: сăкам, носăм, плетăм...
  • Отсуство на во трето лице еднина на презентот: сакă, носе, плете...
  • Форма сă во трето лице множина од помошниот глагол сум.
  • Наставка -ех за прво лице еднина на аористот кај глаголите од о-раздел: вличéх, дăдéх, јăдéх, митéх, нăјдéх, пичéх, плитéх, ричéх...  
  • Императивна наставка -јте за второ лице множина: викнéјте, митéјне, нусéјте...
  • Испуштање на помошниот глагол сум во трето лице еднина и множина во сложените форми: видéл оти пåтут бил дåлăк и сă вăрнáл; чуле кумшијте шăмáтă и рекле дă видăт сă чине у та кујќа;
  • Ретка употреба на глаголските конструкции од типот: имăм удéну и имăх видéну
  • Многубројни наставки за образување глаголски прилог: -јќи, -ник, -иничким, -шчимицă -шчим: вăрејќи, тăрчăнúк, бигăнúчким, вăртéшчимицă, викáшчим...
  • Удвојување на предлогот со: суз арну, сус тебикă...
  • Отклонување во однос на конгруенцијата: ăднó уфчáр, угуéну дубúтук...
  • Отсуство на честичката ли во простата прашална реченица: ќи дојш? [3] 

Кукушки говор[уреди | уреди извор]

Фонетски карактеристики[уреди | уреди извор]

  • Редукцијата на неакцентираните вокали: дéвир, илéн, мăлéнко, очúла, пéсук
  • Елизија на вокалите, особено кај членуваните форми: глитинúцта, глéтто, чúнинта, брáтăфта, мóјта, нáшто..
  • Преглас на а во е главно зад палаталите ј, ч, ж, ш: еничéр, если, вудинчéр, кукушéни...
  • Лабијализација на и во у зад фрикативите ч, ж, ш: чуфлúк, шушé, чурéша...
  • Редовна замена на ѧ со е: éдăр, етăрва...
  • Основна замена на ѫ во ă: гăба, дăп, зăп...
  • Континуација на ъ во о: вошка, дош, а во извесни случаи со ă: кăсно, мăкне...
  • Развој на ъ2 во ă: Бăдник, мăска, и на групите свь- и цвь- : к’и, усăмне, цăфте...
  • Регуларна замена ѣ со е, дури и во групата цѣ- : целина, цепуве, цел...
  • Континуанти ăр // рă и ăл на р и л: дăрча, грăп, вăлна, кăлк...
  • Затврднување на мекото n’ од новото јотување: јадине, кучина...
  • Чување на х во сите позиции: ходи, хулéра, ош по-хýбуви...
  • Основна замена шт, жд од консонантските групи *tj, *dj: лешта, вежда и замена ќ, ѓ: цела ноќ, меѓа...
  • Измена на консонантските групи с, ш + ц, ч > хч во Полето: нохче, убрáхче...
  • Вметнување на т, д во групите ср, зр: страм, здрак...
  • Неопределен и неподвижен акцент.

Морфолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • Множинска наставка - е кај именките од машки род: мăрсóле, рачкуре...
  • Множинска наставка - ове кај едносложните именки од машки род: синуве, снопуве...
  • Множинска наставка - ета кај именките од среден род: колчета, иленчета, крапчета...
  • Членска форма - ут во јужните и западните села: изикут, танчарут, односно - о во северните и источните села: урéо, страхо...
  • Посесивна заменска форма нејн, , , за трето лице женски род.
  • Изразување на дативот со предлогот на и општата форма: му-гу-уставú нă-нéго...
  • На-конструкција за изразување на општата форма: нă-зăкăрáа нă-нáска...
  • Кратка акузативна заменска форма га за женски род: гă-сичéх нă-пулвúна...
  • Форма у (ф) од стариот предлог въ: уф-нијнта кăшта...
  • Удвојување на предлогот со: сус-нас, сус мăлéчка мутикичка...
  • Раширена употреба на перфективниот презент: флезе, грабне адна пăрчá сирне и избéге...
  • Вкрстување на формите од е- и и-група, кон кои се приклучиле и глаголите од а-група, со тоа што во второ лице еднина се изложила и-група, а во трето лице еднина се наложила е-група.
  • Наставка - у(м) за прво лице еднина на презентот: викум, јадум, одум...
  • Отсуство на - т во трето лице еднина на презентот: саке, мисле, купе...
  • Форма са во трето лице множина од помошниот глагол сум.
  • Императивна наставка –јте за второ лице множина: чикајте-ме, ричејте-му нă-ваште мајки...
  • Форми од помошниот глагол сум за трето лице е, са на перфектот: па сă-пили чим сă толко шен.
  • Препозитивна употреба на кратките заменски форми: гă-носе дома, му-удри ајн-пирдах...
  • Повеќе отколонувања во однос на конгруенцијата: добру чувéк бих...
  • Отсуство на партикулата ли во простата прашална реченица: јагнито о-пујате?[4]

Мегленски говор[уреди | уреди извор]

Фонетски карактеристики[уреди | уреди извор]

  • Редукција на неакцентираните вокали е, а, о во е., а., о.: дите.лúна, зăкóлне., ма., та., са., ва., вуло.вăр, вăртéно.
  • Испуштање на вокалите пред членската морфема: гудúнта, зилéнта, челту, кýчту, градуфте...
  • Алофонот л’ на крајот од зборот и пред консонант во јужните села: вол’, ал’ва...
  • Вметнувањсе на т, д во групите ср, зр: страм, здрак...
  • Развој на ъ2 во коренотн а зборот во ă: Бăдник, лăска, лăга...
  • Основна замена на ѫ со ă во коренот на зборот: вăже, гăба...
  • Ретки остатоци од назализмот: ăнгýла, ендăр, мăндру...
  • Замена на цѣ- со це- // ца-: цена, цени, цал, цапе, цафка...
  • Континуанти цре- // чере- од групата црѣ- : црепна, цреву, цреша // чирéша...
  • Вредности ол // ол’ : полф, вол’к, односно ăл // ăл’: вăлна, дăл’к, од вокалното л и рефлекси ăр // рă наместо р: вăрба, тăрче, грăс...
  • Отсуство на фонемата њ: бајна, којн...
  • Протетички глас в пред рефлексот на иницијалното ѫ: вăдúца, вăглин...
  • Развој на групата чрь- во цăр- : цăрн, цăрве, цăрпе...
  • Присуство на гласот х: вăрх, змех, христијанин и неговата замена со в: вăрвут, глува, со ф: буф, пердуфи, со ј: беј, дујне, со к: висáк, кусúк,
  • Различни резултати наместо прасловенските групи *tj, *dj: ќ (јќ), ѓ (јѓ): вруќина врејќа, веѓа, мејѓа, односно шт, жд: пиштéра, прежда...
  • Премин на с во ш пред ч: брешче, клашче..
  • Слободно и морфолошко фиксиран акцент со тенденција, изразена во периферните села, да се стабилизира на претпоследниот слог: кувăч-кувăче, убаф-убăву, крадиј-крадише-крадијне-крадијте-крадија; брек-бригóви, облак-ублáци, играј-игрáјте...

Морфолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • Множинска наставка -ове // -ови кај едносложните именки од машки род: вируве, носуве // ѕвирóви, мостуви...  
  • Множинска наставка // кај именките од машки род: бресте, дивéре // бици, пăтéци...
  • Отсуство на избројаната множина на : две динáри, две мисéци..
  • Членска морфема -ут: мăжут, којнут...
  • Изедначување на општата со номинативната форма кај сите именки: гу-видек Стујан, гу-сритнáк тетин...
  • Посвојна заменска придавка нејн, -а, -о // -у, -и.
  • Лични заменки за прво и второ лице еднина јас // јаска // јазика, ти // тизика.
  • Паралелна употреба на заменките за трето лице он, она, оно, они // то, таја (та), то, тие (тија).
  • Паралелна употреба на личните заменки за прво и второ лице множина ние, вие //              ни (ј) а, виа.
  • Аналитичко изразување на дативот кај личните заменки: на мéне, на тéбе...
  • Систем од две показни заменки во, ва (ваја), во, ви (а) а; то, таа (тајă), то, ти (ј) а.
  • Употреба на предлогот вăрс // врăс (вăрс негу паднăл)...
  • Често удвојување на предлогот со: сус-нас, сус-шмајзерут...
  • Употреба на предлогот у наместо въ: у-вудинúцта...                    
  • Прегрупирање на глаголските групи во еден конјугациски тип во северниот дел: викам, носам, берам : викиш, носиш, бериш : вике, носе, бере, односно прегрупирање на глаголите во две групи: а-група и и-// е-група во западниот дел: викам, викаш, вика; носам, берам, носиш, бериш : носе, бере...
  • Императивна наставка -јте за второ лице множина: нусéјте, јадéјте...
  • Негираните форми образувани со ним и императив или ним и да со презент: ним седи, ним да-викаш...
  • л-формата образувана од аористна и имперфективна основа: рекал-ричел...
  • Наставките -јќи(м), -ник, -ничкум, -шчимица за глаголскиот прилог: зивáјаќи, сиејќим, плачинúк, копанúчкум, викашчимица...
  • Отсуство на помошниот глагол сум во трето лице на перфетот.
  • Конструкции со има // нема: имăм викáно, имăх сидéно, сăм имáл рăбутéно...
  • Употреба на аористни форми од несвршени глаголи: утúде а викá жеăнта...[5]

Кајларски говор[уреди | уреди извор]

Фонетски карактеристики[уреди | уреди извор]

  • Редукција на неакцентираните вокали а, е, о во сите позиции, освен на крајот од збороформите, а > ă: бăчúло, вúлăта, ѕвиздăр, е > и, освен пред завршниот консонант кај именките во определена форма: бигáлка, деривут, но: девер и др., односно е > ă во ретки случаи: мă, тă, сă, нă, вă, смă, стă и др. и о > у: бугáт, бивул, месуто и др.
  • Испуштање на неакцентираните вокали, особено пред членските морфеми: тупóлта, дибéлта, детто, тел’то, селто, урáлто, гувидáрте, гăбéрте и др.    
  • Основна замена ă од ѫ: гăба, гăска, кăдéл’а и др.
  • Основна замена е од ѧ: език, ечмен со траги од мешањето на носовките: ирибúца // јăрбúца, итăрва // јăтăрва, заек // зајăк...
  • Неколку примери од запазен, но разложен назализам: ăнгýла, гăмбáф, ендро, кломко...
  • Редовна замена на ѣ со е, дури и зад ц: цел, цидáлка и др.
  • Развојот на ъ2 во ă во кореновата морфема: лăга, лăжúца, мăска...
  • Вредности ăр // рă наместо р̥: бăрдо, врăсник и др. и ăл // лă наместо л: вăлк, вăлна, жлăшко, лăска и др.
  • Затврднувањето на њ добиено од Nьj: бишúна, кăмéјна, кусéјне и др.
  • Двојни вредности шч (шт) и ќ наместо прасловенската група *tj: гурéшч, лешча, пиштéра, божиќ и др., односно вредноста жџ наместо групата *dj: вежџа, рожџа и др.
  • Незавршено јотување: братја // браќа, сфатја // сфаќа, дјавул, л’уѓа и др.
  • Отсуство на гласот х во сите позиции: итер, леа, мелем, гр и др. и негова замена со в (ф): углýвне, бофча, ореф и др.
  • Замена на групата чрь- со цăр-: цăрвéн, цăрпе и др.
  • Вредности цре- и чере- наместо групата чрѣ- : црево, чирéша...
  • Рефлекс су наместо групата свь- : усýна, усунáте...
  • Континуант цу наместо групата цвь- : цут, цуте, рăсцýте...
  • Слободен, морфолошки фиксиран акцент, со ограничена стабилизација: вéнец-вéнци, брáтуф-брáтува-брáтуво-брáтуви, вúкăм-вúкăш-вúка-вúкăме-вúкăте-вúкăт, но: брéк-бригóј, óфчăр-уфчáри, óблăк-ублáци, врáпче-врăпчúна, úма-имáме, вúкнăл-вúкнăла итн.

Морфолошки карактеристики[уреди | уреди извор]

  • Отсуство на избројаната множина: две вирој, три вăлци, пет пăтнúци...
  • Членска форма (т): елинут, попут, ветру, огăну и др.
  • Посвојна заменска придавка нејн, -а, -о, -и за трето лице.
  • Изразување на дативот со предлогот на и општата форма ни-даде и нас дă јајме и др.
  • Лични заменки за трето лице то(а), та(а) тиа и он, она, они.
  • Лични заменки за прво и второ лице во множина ние, виа.
  • Кратка заменска дативна форма му за сите три рода во еднина и множина: му-веле нă на Арапите итн.
  • Кратки заменски акузативни форми мă, тă, сă, нă, вă.
  • Употреба на стариот предлог у: ќ-ом у-царут итн.
  • Употреба на предлогот у наместо предлогот въ: у-изéрто, у-сăбóта итн.
  • Прегрупирање на глаголските групи: бега, гориш, сечиш: горе, сече итн.
  • Форма сă во трето лице множина од помошниот глагол сум.
  • Глаголска именка, образувана со –т(ј)е: бăкнувáтје, жинéтје, жнатје и др.
  • Употреба на сложените форми со има // нема : има место прăвéно, имáше тувăрéно, тиа имáле женцко рудéно и др.
  • Отсуство на помошниот глагол сум во трето лице на перфектот: лисицăта излéгла нă пăтут и др.
  • Употреба на кратките заменски форми во почетокот на реченицата: ти носăм кожа уд лисúца итн.
  • Отсуство на прашалната честичка ли: Имăш нивéста?
  • Повеќе отстапувања од формалното согласување на реченичните делови: нă-најарнуто воло, ину-фустăн лепо...[6]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Дијалектолошки студии, Васил Дрвошанов, Детска радост, Скопје, стр.45
  2. Дијалектолошки студии, Васил Дрвошанов, Детска радост, Скопје, стр.48 -50
  3. Дијалектолошки студии, Васил Дрвошанов, Детска радост, Скопје, стр.50 -52
  4. Дијалектолошки студии, Васил Дрвошанов, Детска радост, Скопје, стр.45 -47
  5. Дијалектолошки студии, Васил Дрвошанов, Детска радост, Скопје, стр.52 -55
  6. Дијалектолошки студии, Васил Дрвошанов, Детска радост, Скопје, стр.55 -57