Видуше

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Видуше е село во Општина Маврово-Ростуше, во областа Долна Река.


Видуше
Видуше is located in Македонија
Видуше
Местоположба на Видуше во Македонија
Координати 41°39′33″N 20°35′27″E / 41.65917° СГШ; 20.59083° ИГД / 41.65917; 20.59083Координати: 41°39′33″N 20°35′27″E / 41.65917° СГШ; 20.59083° ИГД / 41.65917; 20.59083
Општина Општина Маврово-Ростуше
Население 185 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 897 м
Видуше на општинската карта
Видуше во Општина Маврово и Ростуша.svg

Атарот на Видуше во рамките на општината
Commons-logo.svg Видуше на Ризницата


Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Видуше се наоѓа во областа Долна Река, во североисточните падини на планината Дешат. На исток се спушта кон долината на реката Радика. Селото е планинско на надморска височина од 897 метри. Селото е оддалечено 11 километри од општинскиот центар Ростуша, 28 километри северно од Дебар и 48 километри југозападно од Гостивар.

Историja[уреди | уреди извор]

Видуше прв пат се споменува во пописните дефтери во 1467 година како христијанско село со 4 семејства. Потоа се споменува и во 1536/39 година со 14 христијански семејства и 1 неженет. Прв пат како муслиманско село е забележано во пописните дефтери од 1583 година, каде се регистрирани 10 семејства и 6 неженети.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото има 320 Македонци муслимани.[1]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 185 жители. Следува табела на националната структура на населението[2]

Националност Вкупно
Македонци 152
Турци 24*
Роми 0
Албанци 9
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

*Жителите кои се изјасниле како Турци, всушност се Македонци со муслиманска вероисповед, со оглед на тоа што на најголем дел македонскиот им е мајчин јазик.

На табелата е прикажан бројот на населението во сите пописни години:[3]

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. стр.263.
  2. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.