Веливар

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Веливар
Веливар (Дешат) 06.jpg
Врвот Веливар, во позадината се здогледува Крчин
Висина 2.373 метри.
Местоположба Македонија Македонија,  Албанија
ВенецДешат
Прво освојувањенепознато

Веливар е врв во Македонија, кој е највисокиот врв на планината Дешат. Тој се наоѓа на билото на планината Дешат, а неговата надморска височина изнесува 2.373 метри. На самиот врв Веливар, минува граничната линија помеѓу Македонија и Албанија, заради што постои и полуразрушен граничен камен во вид на пирамида. Врвот Веливар претставува висок карпест и каменест гребен покриен со бујна и висока трева, кој се издигнува над билото и подгорието на Дешат во долината на Радика од македонска и неговото подножје во долината на Црн Дрим од алабанска страна. До врвот Веливар се стигнува со пешачење од околу 3 и пол до 4 часа од селата Битуше или Требиште или од селото Жировница, по целосно обележана планинарска патека која поседува и столбови со зимски маркации и минува крај Северното и Јужното Гашово Езеро веднаш во неговото подножје и езерото Локув во шумскиот појас. Од врвот Веливар се пружа прекрасна глетка кон долината на реката Радика со манастирот „Св. Јован“ - Бигорски и планината Бистра, соседните карпести врвови Голем и Мал Крчин со градот Дебар и Дебарското Езеро во позадината и планината Кораб од спротива, како и кон долината на Црн Дрим и гратчето Пешкопеја во Албанија. Врвот е често посетуван од планинарските друштва, а во 2017 бил деветиот врв искачен во рамки на Планинарскиот предизвик „12 Врвови“.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]