Крчин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Крчин
Поглед на билото на Крчин
Највисока точка
Надм. вис.2343 м
Матичен врвГолем Крчин
Географија
Крчин на карта

Карта

МестоМакедонија Македонија
 Албанија
ПокраинаMK
Матичен венецКораб-Дешат-Крчин

Крчинпланина во Западна Македонија и Албанија, којашто се протега во продолжение на планината Дешат и е дел од поголемиот венец Шара-Кораб-Дешат-Крчин-Стогово-Караорман, односно таа го претставува најјужниот дел од веригата на планинскиот масив Кораб-Дешат-Крчин.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Се протега од Сува Бара (2.080 м) на север, до дното на Дебарската Котлина на југ во должина од 13 км. Има изразено било, од кое се издаваат повеќе врвови преку 2.000 м. Највисок е Голем Крчин (2.341 м), по што следат Рудина 2.238 м, Дели Сеница 2.174 м и Црвена Плоча (2.107 м).[1]

Геологија[уреди | уреди извор]

Планината се состои од флишни седименти. Кај бањата Косоврасти, варовниците преоѓаат во гипс, анхидрит и сулфурни наслаги. Во околината на бањата Бањиште, тлото се состои од сивобели варовници со дебелина од 300–400 м.

Крчин има најголеми резерви на гипс на Балканот, поради што има и фабрика за негова преработка.

Растителност[уреди | уреди извор]

На Крчин расте ендемскиот македонски каранфил (Dianthus macedonicus), што може да се најде само на оваа планина.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Крчин“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)
  2. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „каранфил, македонски“. Македонска енциклопедија. , книга . Скопје: МАНУ. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]