Караорман
Караорман | |
планина | |
Регион | Македонија |
---|---|
Се граничи со | ![]() |
Највисока точка | Орли Врв |
- височина | 1.794 м |
Караорман — средновисока планина што се протега во западна Македонија. Името на планината потекнува од турските зборови кара — црна и орман – шума. Се протега во меридијански правец север – југ, помеѓу долината на Црн Дрим на запад и долините на Песочанска Река и Сатеска на исток. Највисок врв е Орли Врв (1.794 м). Доста е пошумен, по што го добил и името. Караорман е формиран со набирање во текот на терциерот и заедно со планината Стогово претставува една целина која се протега како венец со оформен синклинален блок во форма на хорст. Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци, додека на повисоките делови се наоѓаат варовници. Во правец север–југ планинското било постепено се спушта во Охридско-струшката Котлина.[1]
Караорман како тема во уметноста[уреди | уреди извор]
- „Караорманци“ — песна на македонскиот поет Славко Јаневски.[2]
- „Караорман“ — поема на Анте Поповски.[3]