Прејди на содржината

Песочанска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Песочанска Река
Местоположба
Физички особености
УстиеСатеска, Македонија Македонија
Должина22 км
Особености на сливот

Песочанска Река или Песочанка — река во Македонија, десна притока на реката Сатеска.[1] Извира од југоисточните падини на планината Стогово на височина од 2.040 м, а се влева на височина од 782 м. Вкупната должина на речниот тек изнесува 22 км, вкупниот пад изнесува 1.258 м, а просечниот пад 57,18‰. Вкупната должина на водоразделната линија изнесува 38 км, додека сливот зафаќа површина од 53,32 км2. На водите од оваа река е изградена ХЕЦ „Песочани“.[2]

Во дел од течението се нарекува и Радомир(ов)ска Река.

  1. Универзитет во Скопје. Географски институт, Универзитет во Скопје. Природно-математички факултет, Универзитет "Кирил и Методиј"--Скопје. Природно-математички факултет (1966). Годишен зборник: Географски институт (15-16. изд.). Скопје: УКИМ.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Природонаучен музеј Скопје (1983). Изданија (17-19. изд.).