Ендемизам

Од Википедија — слободната енциклопедија
Галапагоска желка — џиновска едемска желка од архипелагот Галапагос
Вилдпретова волчја опашка — ендемит на Тенерифе, Канарски Острови
Поштенска марка со алшарска темјанушка — ендемит од местото Алшар на планината Кожуф, јужна Македонија

Ендемизамеколошка појава при што еден организам живее само во една географска област или тип на живеалиште и го нема никаде на друго место. Таквиот се нарекува ендемит или ендем.[1] Организмите што се домородни во одредена област не се ендемски доколку се среќаваат и на други места. Крајно спротивната состојба на ендемизмот е космополитизмот.

Настанокот и одржувањето на ендемизмот зависи од физички, климатски и биолошки фактори, но зависи и од правна заштита на организмите и практиките на луѓето во тоа подрачје.

Постојат две поткатегории на ендемизам — палеоендемизам и неоендемизам. Палеоендемизмот е појава каде еден вид порано бил нашироко распространет, но денес е ограничен на мало подрачје. Неоендемизмот се однесува на видови што се јавиле неодамна со разгранување и репродуктивна изолација, или пак оние создадени со вкрстување кои со време добиле статус на посебен вид. Ова е честа појава кај растенијата, особено оние што се одликуваат со полиплоидија.

Ендемските типови и видови особено се среќаваат во биолошки изолирани подрачја (најчесто острови) поради географската оддалеченост од други живеалишта. Тука се вбројуваат оддалечените островски групи како Хаваите, архипелазите Галапагос и Сокотра и биолошки изолираните неостровски подрачја како горските предели на Етиопија. Во водните живеалишта, ендемите се јавуваат во поголеми самостојни водни површини како Бајкалското и Охридското Езеро.

Видовите кои се ендемски лесно стануваат загрозени или изумираат доколку нивното ограничено живеалиште претрпи измени. Факторите на промена можат да бидат човечки и природни. Меѓу човечките, особено големо блијание има доведувањето на нови организми. Еден пример е населувањето на Бермуда, каде, на почетокот на XVII век, имало милиони бермудски бурници и бермудски смреки. Кон крајот на векот, бурниците се сметале за изумрени. Во XX век смреките настрадале од ненамерно донесен паразит и, поради нивната оскудност (векови експлоатација за бродоградба) речиси изумреле. Иако не се изумрени, бермудските бурници и смреки денес се многу ретки, како и други ендемски видови на Бермуда.

Екорегиони со висок степен на ендемизам[уреди | уреди извор]

Според Светскиот фонд за природа (WWF), следниве екорегиони имаат највисок процент на растителни ендемити:

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „ендем“ — Лексикон на македонскиот јазик
  2. „Афротропи > средоземни шуми, кории и честаци > Низински финбос и реностервелд (AT1202)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  3. „Oceania > Тропски и суптропски суви листопадни шуми > Хавајски тропски суви шуми (OC0202)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  4. „Oceania > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Хавајски тропски влажни шуми (OC0106)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  5. „Австралазија > Средоземни шуми, кории и честаци > Крајбрежни рамничарски честаци и кории (AA1205)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  6. „Афротропи > Тропски и суптропски суви листопадни шуми > Мадагаскарски суви листопадни шуми (AT0202)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  7. „Афротропи > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Мадагаскарски низински шуми (AT0117)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  8. „Австралазија > Тропски и суптропски суви листопадни шуми > Новокаледонски суви шуми (AA0202)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  9. „Австралазија > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Новокаледонски дождовни шуми (AA0113)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  10. „Неотропски > Тропски и суптропски четинарски шуми > Борово-дабови шуми во Сиера Мадре де Охака (NT0308)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  11. „Неотропски > Тропски и суптропски четинарски шуми > Борово-дабови шуми од Јужната Сиера Мадре (NT0309)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  12. „Индомалајски > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Лусонски планински дождовни шуми (IM0122)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  13. „Индомалајски > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Лусонски дождовни шуми (IM0123)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  14. „Индомалајски > Тропски и суптропски четинарски шуми > Лусонски борови шуми (IM0302)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  15. „Индомалајски > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Минандајски дождовни шуми (IM0128)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  16. „Индомалајски > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Минандајско-источновисајски дождовни шуми (IM0129)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)
  17. „Индомалајски > Тропски и суптропски влажни листопадни шуми > Палавански дождовни шуми (IM0143)“. Гланд, Швајцарија: Светски фонд за природа. 2001. Посетено на 26 јануари 2010. (англиски)

Библиографија[уреди | уреди извор]