Бигорски манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Бигорски манастир
Панорама на Бигорски Манастир.jpg
Поглед на манастирот
Основни податоци
МестоМакедонија Ростуше, Македонија
Координати41°37′10.0524″N 20°36′29.6604″E / 41.619459000° N; 20.608239000° E / 41.619459000; 20.608239000Координати: 41°37′10.0524″N 20°36′29.6604″E / 41.619459000° N; 20.608239000° E / 41.619459000; 20.608239000
ПрипадностПравославие
ЕпархијаДебар
Осветен1020
ВодствоДебарско-кичевска епархија
Мреж. местоhttp://bigorski.mk/
Архитектонски опис
ЗавршенXVIII век
Поглед на дел од манастирот оздола

Бигорски манастир Свети Јован Крстител (или Свештена Бигорска Обител) — манастир кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во западна Македонија.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

Манастирот во почетокот на XX век
Верници во манастирот во почетокот на XX век

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.[1]

Цркви[2]
Конаци

Општи информации[уреди | уреди извор]

Монашко братство[уреди | уреди извор]

Монашкиот живот во манастирот е обновен во 1995 година, со доаѓањето на сегашниот игумен Архимандрит Партениј. Денес братството брои околу 25 монаси, кои живеат според општежителните правила на Света Гора Атонска.

Празнувања[уреди | уреди извор]

Главниот празник на манастирот, манастирската слава, е Отсекувањето на главата на свети Јован Крстител, на 29 август по стар стил, односно 11 септември по нов стил. Помали слави се Раѓањето на свети Јован Крстител, на 23 јуни/7 јули и Споменот на чудото на пресвета Богородица со иконата „Достојно е“, на 11/24 јуни. Освен тоа, торжествено се слават и празниците Успение на Пресвета Богородица на 15/28 август, именденот на игуменот Архимандрит Партениј, на 07/20 февруари, а особено торжествено се празнува Воскресението и Рождеството Христово.

Иконостас[уреди | уреди извор]

Внатрешното уредување и декорација на црквата го започнал Игуменот Арсениј уште во 1810 год.  До крајот на својот живот, игумен Арсениј ќе стане најзаслужен за ангажирањето на иконописци и зографи.

Најубавиот украс во црквата и она по што е најпознат овој храм, е секако прекрасниот и единствен од ваков вид во Православието – иконостас, врвно дело на мијачките копаничари, кои, по својата вештина на обработка на дрвото, останале ненадминати и до ден денес. Тоа се прочуените Петре Филиповски – Гарката  од с. Гари, со својата тајфа и Макариј Фрчковски од Галичник. Тие ова монументално дело го завршиле за зачудувачки кратко време, од 1830 до 1835-та год.

По својата архитектоника тој е сличен на двокатните иконостаси, што најпрво ги среќаваме на Атос (Света Гора), а потоа и по целиот Балкански Полуостров. Желбата на Арсениј била – иконостасот на манастирот да биде еден од најубавите до тогаш. Затоа решил да ги ангажира најдобрите мијачки копаничари и најдобрите зографи за тоа време, што придонело иконостасот да ги надмине сите други со својата уникатност. Тоа го потврдува и Дамјан Арсов, некогашен жител на Дебар, кој во 1895 год. изјавил дека како иконостасот во Бигорскиот манастир немало ни на Света Гора, а ја обиколил сета.

Она што го прави единствен и неповторлив иконостасот, е употребата на човечката фигура. Тука мијачките копаничари ја покажале сета своја вештина, сместувајќи, на релативно мал простор, значителен број на сцени од Стариот и Новиот завет. Овие сцени се прикажани на таков начин, што ни се пренесува драматичноста на целата ситуација, како да е жива и реална, како да се одвива пред нашите очи.

Иконостасот во манастирската црква

Покрај човечката фигура, во декорацијата на иконостасот присутни се и разновидни животни, како и цветни мотиви. Сиот тој сплет е остварен во една пријатна хармонија, преку претходно изготвениот цртеж – план на мијачките резбари. Нивната стрпливост да длабат во дрвото и на толку мал простор да изрезбаат толку голем број на сцени од Светото Писмо, буди вистински восхит кај луѓето. Тоа што го создадоа овие резбари не можеме да го сретнеме ниту на Света Гора, ни кај епирските резбари, а најмалку кај резбарите од Балканските резбарски школи.

Иконостасот е прилагоден на димензиите на црквата. Затоа овде се наоѓаат три реда икони, што е редок случај, бидејќи почесто се среќаваат иконостаси со само два реда икони. Налик е на светогорските иконостаси од XIX век, со централно поставени царски двери и два странични влеза, на јужната и северната страна. Царските двери се двокрилни и богато исполнети со резби и иконопис со претстава на „Благовештение“. Покрај „Благовештението“, мајсторите резбари изработиле уште една композиција од животот на Христа, потоа едно од неговите чуда – Исцеление на слепиот, како и „Истерувањето на трговците од храмот“.

Резбаните правоаголни табли под престолните икони се најубавиот дел на иконостасот во Бигорски. На овие табли е потврдена виртуозноста на мијачките копаничари, нивната недостижност во резбарството. Тука, на овие простори, каде се претставени повеќе од петстотини човечки и околу двесте животински фигури, илустративно е претставен Стариот и Новиот завет. Од Стариот завет се издвојуваат: „Жртвата Авраамова“, „Првиот грев“ и „Прогонувањето на Ева и Адам од рајот“, „Каиновото убиство“ и др. Новиот завет започнува од втората табла, со животот на Богородица. Мијачките копаничари од тајфата на Петре Филиповски кои работеле на иконостасот, како да сакале да ја искажат сета своја благонаклоност и почит кон Божјата Мајка – Богородица, изработувајќи четиринаесет сцени од нејзиниот живот. На втората табла централното место го зазема Богородица со Христос. Лево од неа е „Благовештението“, а на десната страна карактеристично е „Поклонението на тројцата источни цареви“, кои носат дарови и се поклонуваат пред Богородица. Тука доста импресивно е прикажано и „Бегството на Богородица во Египет“. Во изразот на лицата од оваа сцена, предаден е психолошкиот елемент во драмата што ги снашла витлеемските деца, заклани по наредба на царот Ирод.

На следните табли прикажан е животот и страдањата на нашиот Господ Исус Христос. Централно е претставена „Тајната вечера“, лево е „Јудиното предавство“ и „Молитвата во Гетсиманската градина“, а на десната половина продолжуваат композициите: „Патот на Голгота“, „Неверен Тома“, „ Христос пред Пилат“ и др.

Под престолната икона на Св. Јован Крстител се претставени повеќе сцени од неговиот живот. Тука се прикажани „Рождеството на Св. Јован“, „Роденденот на Ирод“, „Танцот на Саломија“ и др., меѓу кои најубаво е претставено „Отсекувањето на главата на Претечата“.

На просторот под престолната икона „Собор на апостолите“ резбарите, на свој начин, ја прикажале истата ова икона во резба. Тука Христос е претставен меѓу апостолите со макета на црквата, што ја држат два ангела, со апостолите Св. Петар и Павле во преден план, како основачи на Црквата. Всушност, сите икони имаат свои паралелни претстави во резба, кои се наоѓаат веднаш под нив.

Најгорниот дел од иконостасот е еден од најимпресивните и него го красат големиот крст од Распетието Христово и неговите придружни делови. Ваквиот крст е честа појава кај резбаните иконостаси во поствизантискиот период, особено во XVII, XVIII, и XIX век и претставува символ на верата, спасението и победата. Ламјите што се претставени во подножјето на крстот, го симболизираат злото победено од Христа.

Икона на Свети Јован Крстител[уреди | уреди извор]

Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието, иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна бил изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Во XVI век, во времето на султанот Селим II, Османлиите го запалиле манастирот, а иконата мистериозно исчезнала за потоа, уште помистериозно да се врати неоштетена. Во манастирските списи е запишано дека иконата на свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во 1885 година иконата е обложена со сребрен оклоп. На иконата Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува дека лотретата рака е благосвувачка и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца.[1]

Икона „Достојно Ест“[уреди | уреди извор]

Чудотворна икона „Достојно Ест“

Од северната страна на солеата милува благиот лик на Пресвета Богородица. Оваа нејзина икона е верна копија на иконата Достојно ест, најголемата Светогорска светиња. По особена желба и заложби на Архимандрит Партениј, во 2009 година таа беше изработена и донесена во Манастирот откако се благослови кај оригиналната на Света Гора.

Легенда[уреди | уреди извор]

Според легендата, некој бег од Албанија во текот на XVIвек дошол во манастирот на поклонение. Наредната година тој добил син и сиот свој имот му го подарил на Свети Јован. Тој ветил и дека ќе праќа маслиново масло во манастирот зашто такво масло се произведувало на неговиот имот. Денеска месните жители сметаат дека на имотот на бегот постои табла на која е испишано името на светецот.

Светите мошти[уреди | уреди извор]

Во наосот на големиот кивот, изработен во 1834 година по нарачка на игуменот Арсениј, има делови од моштите на:

Моштите биле донесени од Цариград, од страна на Хаџи Наќе од Белчица, во 1820. Во кивотот, исто така, е вградена честичка од чесниот крст, донесена во 2000 година.

Во олтарот се чуваат моштите на:

Параклиси[уреди | уреди извор]

Метоси и Скитови[уреди | уреди извор]

Манастирски комплекс[уреди | уреди извор]

Во манастирскиот комплекс има отворено „Галерија на икони“. Во галеријата има изложено околу седумдесетина икони и истите датираат од XII век, XIII век и XIX век. Галеријата започнала со икони од првата половина на XVII век, и се проследени со Христовиот живот од благовештението, од рождеството, крштевање Христово, преображение, влегувањето во Ерусалим, распнувањето, воскресението, вознесението и успението на Пресвета Богородица.

Во притворот на црквата во 1871 година се наоѓале фреските на Св. Климент Охридски, Св. Наум, Св. Јован Владимир, Свв. Кирил и Методиј, Св. цар Борис и Св. цар Иван Шишман Бугарски.[3] Според бугарскиот новинар Светослав Терзиев, денес имињата на бугарските владетели Борис и Иван Шишман се преправени во Стефан Дечански и Лазар Хребељановиќ, за време на српската управа на Македонија 1913-1941 година.[4]

Во манастирот Бигорски има остатоци од црквата што потекнува од XVI век, односно од XVII век и XVII век, од која се уште се чуваат големите икони. Најстарите, поточно од XVI век се реставрираат во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

Занимливости[уреди | уреди извор]

Во комплексот на манастирот е снимен македонскиот филм Мис Стон.

Пожарот во манастирот[уреди | уреди извор]

На 30 септември 2009 година, во манастирскиот комплекс избувнал пожар при што целосно изгорел стариот конак, горниот палат, две трпезарии, гостинската просторија, кујната, библиотеката и монашките живеалишта.[5]

Библиотека[уреди | уреди извор]

Манастирот е дом на бројни значајни македонски средновековни црковни текстови, како што се:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Манстир Јован Бигорски
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  3. Иванов, Йордан, „Български старини из Македония“, 1908, 1931 (фототипно изд. С., 1970, .djvu формат), стр.85
  4. Терзиев, Светослав, „В Македония по дирите на научното разузнаване“, в. „Сега“, 09.9.2006 г. [1]
  5. Извештај од А1: Пожар во манастирот Св. Јован Бигорски

Надворешни врски[уреди | уреди извор]