Модрич

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Модрич
Modrič view.JPG

Куќи во Модрич

Модрич се наоѓа во Republic of Macedonia
Модрич
Местоположба на Модрич во Македонија
Координати 41°22′00″ СГШ 20°34′19″ ИГД / 
Општина Општина Струга
Население 25 жит.
Надм. вис. 781 м
Commons-logo.svg Модрич на Ризницата

Модрич е село во општина Струга кое се наоѓа во западниот дел од Македонија, по течението на реката Црни Дрим во месноста наречена Долни Дримкол.

Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Лоцирано е на падините на планината Јабланица со надморска висина од 900 до 1100м. Селото е од разбиен тип и брои во моментов околу 50тина куќи со 50 стални жители претежно стари луѓе.

Модрич е познат по својата уникатна местоположба и чистиот воздух, изворите со вода за кои е и снимен игран филм на таа тема Време Води од Бранко Гапо, гостопримливота и отвореноста на луѓето кои живеат или потекнуваат од таму. Одлично место за одмор, спортски риболов(Дебарско езеро 10км и Глобочица 10км, лов на дивеч. Како еден куриозитет за лугето кои живеат или потекнуваат од Модрич е нераскинливата волшебна врска или носталгија за стариот крај и тежнеењето да се помине што е можно повеќе време во Модрич да се придонесе на некој начин за заживување на селото. Во Модрич живее Православно Македонско Христијанско население, и можам со восхит да кажам дека селото е духовно заштитено со четири манастири Свети Никола на влезот на селото, Свети Арангелија во месноста Градиште, Свети Ѓорѓија во Долна Маала,Свети Атанасија во Кочеа Маала. Во средсело се наоѓа цркавата Успение на Света Богородица која е доста позната меѓу народот не само од Долни Дримкол туку и пошироко како меѓу христијани така и меѓу муслимани, по својата исцелителска моќ.

Историja[уреди | уреди извор]

Османлиски период[уреди | уреди извор]

Тврдината којашто се наоѓала во Модрич во текот на османлиското владеење била од големо значење поради нејзината стратешка позиција на левиот брег од реката Црн Дрим, непосредно до патот од Охрид до Дебар. На другата страна од патот се наоѓал Коџаџик (тогаш Светиград)[1]. На почетокот од османлиското владеење Модрич најверојатно бил дури и позначаен од Коџаџик.[2] Во ноември 1443 година Скендербег се побунил против султанот и тврдината во Модрич станало негово упориште. Истото се толкува во делата на албанскиот историчар и католички свештеник Марин Барлети[3].

Во 1448 година, султанот Мурат II ја опседнал тврдината во Светиград. Првата битка меѓу војската на Скендербег и Отоманската војска во опсадата на Светиград (1449) се одиграла кај тврдината Модрич.[4]

Во 1452 година, Отоманската војска од Охрид ги нападнале скендербеговите бунтовници, но била поразена кај Модрич. На чело на бунтовниците стоел Хамза Кастриоти.[5][6]

Според Стефанаљ Поло и Арбен Путо, во 1456 година внукот на Скендербег, Георги Стреши Балшич, ја продал тврдината на Османлиите.[7] Во 1467 година Модрич бил регистриран како тимар на извесен Синан кој бил диздар на твдрината Модрич. Тврдината најверојатно била уништена до тој степен што во неа немало гарнизон, а нејзина реконструкција била или невозможна или непотребна.[8]

За тврдината денес сведочат остатоците на ѕидините, гробници, стари монети итн.[9]

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 25 жители. Следува табела на националната структура на населението[10]

Националност Вкупно
Македонци 25
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 0

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Модрич
цркви[11]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Aleksandar Stojanovski (1989). Makedonija vo turskoto srednovekovie: (od krajot na XIV-početokot na XVIII v.). Kultura. стр. 411. http://books.google.com/books?id=ND4yAAAAIAAJ. 
  2. Aleksandar Stojanovski (1989). Makedonija vo turskoto srednovekovie: (od krajot na XIV-početokot na XVIII v.). Kultura. стр. 412. http://books.google.com/books?id=ND4yAAAAIAAJ. „Сето тоа укажува на можноста дека во овој период Модрич по својата функција бил помалку значаен од Коџа- џик.“ 
  3. Glasnik na Institutot za nacionalna istorija. Institut. 1977. http://books.google.com/books?id=WaVpAAAAMAAJ. конс. 6 април 2013 г. 
  4. Aleksandar Stojanovski (1988). Istorija na makedonskiot narod. Makedonska kniga. стр. 88. http://books.google.com/books?id=eJ0MAAAAIAAJ. „До прва голема битка помеѓу двете противнички вој- ски дошло кај тврдината Модрич.“ 
  5. Kosta Balabanov; Krste Bitoski (1978). Ohrid i Ohridsko niz istorijata. Opštinsko sobranie na grad Ohrid. стр. 62. http://books.google.com/books?id=-tMwAQAAMAAJ. „Во летото 1452 година, од насока на Охрид, против востаниците тргнал Хамза-наша, но кај Модрич бил победен“ 
  6. Matkovski, Aleksandar (1983). Otporot vo Makedonija vo vremeto na turskoto vladeenje: Buni i vostanija. Misla. стр. 88. http://books.google.com/books?id=FZ8MAAAAIAAJ. „Внукот на Скендер-бег, Хамза, успеал да го зароби тур- скиот војсководец со истото име Хамза-паша.“ 
  7. Stefanaq Pollo; Arben Puto; Kristo Frashëri; Skënder Anamali (1974). Histoire de l'Albanie, des origines à nos jours. Horvath. стр. 93. ISBN 978-2-7171-0025-9. http://books.google.com/books?id=e3xpAAAAMAAJ. „Un autre chef albanais, Georges Stres Balsha, neveu de Skanderbeg, lui aussi mécontent de la politique de son oncle, livra traîtreusement aux Turcs la citadelle frontière de Modrica.“ 
  8. Aleksandar Stojanovski (2006). Македонија под турската власт: статии и други прилози. Ин-т за национална историја. стр. 122. http://books.google.com/books?id=GtotAQAAIAAJ. „... и Модрич (во Голо Брдо). Последново село во времето на пописот од 1467 година било тимар на Синан, диздар на тврдината Модрич.“ 
  9. Мил. С. Филиповић. Дебарски Дримкол. стр. 17. „Предео у прошлости“ .
  10. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  11. „Втора струшка парохија“ (на македонски). Дебарско-кичевска парохија. http://dke.org.mk/namesnistva/strusko.asp#vtora_struska_parohija. конс. 1 август 2010 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]