Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Модрич
Архангел Гаврил
| |
![]() Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Архијерејско намесништво | Струшко |
Парохија | Втора струшка |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°22′18.3″N 20°34′49.6″E / 41.371750° СГШ; 20.580444° ИГДКоординати: 41°22′18.3″N 20°34′49.6″E / 41.371750° СГШ; 20.580444° ИГД |
Место | Модрич |
Општина | Струга |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Архангел Гаврил |
Архитектонски опис |
Архангел Гаврил — црква во близина на селото Модрич.[1] Сместена е на околу 5 км источно од селото и до неа води исклучување од десната страна на патот кој води кон селото Дренок. Црквата претставува метох на Бигорскиот манастир.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
Во близина на црквата се наоѓаат остатоци од ѕидовите на средновековен манастир кој до темел бил уништен од страна на „азиските завојувачи“. Манастирот бил во целост обновен во периодот од 1930-1932 година, но кон крајот на 1944 година бил ограбен и запален.[2]
Камен-темелник и осветување на местото за изградба на денешната црква бил поставен на 26 јули 2000 година од страна на митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г. Тимотеј. Во 2014 година, братството на Бигорскиот манастир успеало преку денационализациска постапка да го врати имотот во свое владение.[2]
Архитектура[уреди | уреди извор]
Градбата на црквата претставува крстокуполен храм со полукружна апсида во задниот дел и купола со осумаголна основа. Секоја втора страна од купоалта содржи по една монофора, додека на останатите има по еден монофорен облик. Влезот на црквата е сместен на западната страна, а над него има полукружна ниша со фреска на која е насликан Архангел Гаврил. Црквата е изградена од камен и во целост е покриена со лимен кров.
Галерија[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
- Бигорски манастир
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“
- Црква „Св. Никола“
- Црква „Св. Атанасиј“
- Црква „Св. Ѓорѓи“
- Модрич
- Дебарско-кичевска епархија
- Струшко архијерејско намесништво
- Втора струшка парохија
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 40. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Н., Р.. „Метох Св. Архангел Гавриил“. Бигорски манастир.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Црква „Св. Архангел Гаврил“ - Модрич на Ризницата ?