Буринец

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Буринец
Поглед на селото Буринец.jpg

Поглед на селото Буринец

Буринец се наоѓа во Republic of Macedonia
Буринец
Местоположба на Буринец во Македонија
Координати 41°23′43″ СГШ 20°37′01″ ИГД / 
Регион Logo of Southwestern Region, Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Struga Municipality.svg Струга
Област Малесија
Население 0[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 6337
Повик. бр. 046
Надм. вис. 1.020 м
Commons-logo.svg Буринец на Ризницата


Буринец — село во областа Малесија, во Општина Струга, сместено високо на падините на планината Стогово.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Името на селото прв пат е споменато како „Порловец“ во 1583 година. Името потекнува од личното име „Бурин“ или од „Бохор“. Други извори даваат објаснување и дека потекнува од личното име „Бурја“. Покрај објаснувањата за личните имиња, Видоески наведува дека името потекнува „бура“, односно силна вода, поројна вода.[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во областа Малесија, во северниот дел на територијата на Општина Струга, на западните огранки на планината Стогово.[3] Селото е планинско, на надморска височина од 1.020 метри.[3]

Историja[уреди | уреди извор]

Селото во минатото претставувало издвоено маало на селото Селци.

Во XIX век, Буринец било село во рамките на Дебарската каза на Отоманското Царство.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Атарот зафаќа простор од 27,9 км2 (заедно со селото Буринец). На него преовладуваат шумите на површина од 1.895 хектари, на пасиштата отпаѓаат 844 хектари, а на обработливото земјиште 30 хектари.[3]

Селото има сточарско-шумарска функција.[3]

Население[уреди | уреди извор]

Буринчани околу 1938 година

Според весникот „Дебарски глас“ од 1911 година, Селци-Буринец имало 150 жители Македонци христијани.[4]

Селото е целосно раселено по 1982 година, кога што броело двајца жители, Македонци.[3]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Буринец немало жители.[1]

Во 2018 година бил забележан еден постојан жител во селото.[5]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[6] 1905[7] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 152 148 36 0 2 0 0 0
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Струга, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Луково.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Струга. Селото припаѓало на некогашната општина Струга во периодот од 1957 до 1965 година, додека во периодот 1955-1957 селото припаѓало на тогашната општина Луково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Манастирец, во која покрај селото Буринец, се наоѓале и селата Дренок, Модрич, Отишане, Селци и Џепиште. Во периодот 1950-1952 година, селото Буринец било дел од некогашната општина Локов, во која влегувале селата Буринец, Локов, ’Ржаново и Селци.

Изборно место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во изборното место бр. 1892 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Присовјани, а во кое влегуваат населените места Буринец, Локов, Присовјани, ’Ржаново, Селци и Збажди.[9]

На локалните избори во 2017 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 22 гласачи.[10] На референдумот во 2018 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 19 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Главната селска црква „Успение на Пресвета Богородица“
Археолошки локалитети[12]
  • Бурлица — населба од доцниот среден век; и
  • Црквиште — сакрален објект од средниот век век.
Цркви[13]
Споменици
  • Споменик за загинатите борци во НОБ

Личности[уреди | уреди извор]

Родени во Буринец
Починати во Буринец

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002. http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf. посет. 8 октомври 2018 г. 
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 84. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 45. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 8 октомври 2018 г. 
  4. Дебърски глас, година 2, брой 38, 3 април 1911, стр. 2.
  5. Трајковски, Мики (6 март 2018). „Успешно евакуиран единствениот жител на струшкото село Буринец“. Глас на Америка на македонски јазик. https://mk.voanews.com/a/4282993.html. посет. 8 октомври 2018 г. 
  6. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  7. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  8. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. http://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__PopisNaNaselenie__PopisiNaseleniMesta/Popisi_nm_1948_2002_NasPoVozrPol_mk.px/?rxid=46ee0f64-2992-4b45-a2d9-cb4e5f7ec5ef. 
  9. „Описи на ИМ“. http://mojotizbor.mk/arhiva/parlamentarni-izbori-2011/9-uncategorised/194-opisi-na-izbiracki-mesto.html. посет. 8 октомври 2018 г. 
  10. „Локални избори 2017“. https://rezultati.sec.mk/Local/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=70&ps=2214#. посет. 8 октомври 2018 г. 
  11. „Референдум 2018“. https://referendum.sec.mk/Referendum/Results?cs=mk-MK&r=r&rd=r1&eu=All&m=70&ps=2229. посет. 8 октомври 2018 г. 
  12. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]