Заграчани
Заграчани — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Струшката нахија на Охридската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Население[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Заграчани живееле 225 жители, сите Албанци.[2]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.075 жители, од кои 1 Македонец, 1.071 Албанец и 3 останати.[3]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 736 жители, од кои 719 Албанци и 17 лица без податоци.[4]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300 | — | 404 | 618 | 788 | 617 | 856 | 5 | 1.008 | 1.075 | 736 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови[уреди | уреди извор]
Заграчани е албанско село.
Родови во селото се: Ќосе или Асани (30 к.), Бајро (20 к.), Тушо (8 к.) и Прендовци или Прент (8 к.) ова се стари доселенички родови. За родот Прент се зборува дека се доселени од областа Черменик (село Прент) во јужна Албанија и дека таму биле православни Македонци. Од Прент се иселиле како три куќи тројца браќа. Едниот се иселил во Заграчани, вториот во Мислешево (таму се христијани Македонци), а третиот отишол во Гостиварско. Родовите во Мислешево и Загрчани порано се пазеле како роднини; Дида (10 к.), Октишани (15 к.) и Леши (2 к.) овде живеат од периодот помеѓу двете светски војни. Првите се дослени од селото Горна Белица, вторите од селото Октиси (тие се Торбеши), а третите се од селото Радолишта. Родот Дида знае дека уште подалечно потекло има од областа Матија во Албанија.[9]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.254.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |