Ливада (село)
Ливада — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Историја[уреди | уреди извор]
Во XIX век селото било дел од Струшката нахија на Охридската каза на Отоманското Царство.
Стопанство[уреди | уреди извор]
Демографија[уреди | уреди извор]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ливада живееле 90 жители, сите Македонци[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.485 жители. Следува табела на националната структура на населението:[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1 |
Албанци | 1.388 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 0 |
Бошњаци | 0 |
останати | 96 |
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 90[2] | 378 | 468 | 640 | 909 | 1.120 | 1.332 | 1.485 | 1.132 |
Родови[уреди | уреди извор]
Ливада е албанско село.
Родови во селото се: Зиба или Раимовци (30 к.) името го добиле по предокот Зибер, имаат истоимени роднини во селото Делогожди, во овој род се знае следното родословие: Беадин (жив на 50 го. во 1980 година) Раим-Мустафа- Бизат-Јонуз-Зибер. Нивното место на потекло е од областа Матија, од каде се иселиле најпрво во Поум, од Поум отишле во Делогожди, а на крај се доселиле во денешното село, тоа било околу 1890 година; Лога (15 к.), Дика (15 к.) Села (10 к.), Положан (10 к.), Оџа (6 к.) и Наџику (3 к.) доселени се пред крајот на турското владеење. Доселени се од северна Албанија, преку селата Делогожди (Села и Положан), Поум и Мислодежда; Делогождани (17 к.), Поумци (11 к.), Корошиштанци (6 к.), Татешани (5 к.), Мислодеждани (6 к.), Велештани (1 к.) и Бижевци (1 к.) се населиле од разни села во струшко помеѓу двете светски војни и после Втората светска војна.[5]
Општествени установи[уреди | уреди извор]
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Личности[уреди | уреди извор]
- Азиз Положани — политичар, пратеник во Собранието на РМ, поранешен министер за образование;
- Артим Шаќири — фудбалер;
- Зијадин Села — доктор и поранешен градоначалник на Општина Струга;
- Лиман Положани (р. 1935) - просветен деец и политичар;
- Алириза Лога - политичар;
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. с. 252.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.[мртва врска]
- ↑ Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() | Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |