Ташмаруништа
Ташмаруништа | |
Поглед на селото Ташмаруништа | |
Координати 41°16′18″N 20°38′22″E / 41.27167° СГШ; 20.63944° ИГД | |
Општина | Струга |
Население | 173 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 26047 |
Надм. вис. | 997 м |
Ташмаруништа на општинската карта Атарот на Ташмаруништа во рамките на општината | |
Ташмаруништа на Ризницата |
Ташмаруништа — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото лежи во Струшкото Поле од десната страна на реката Дрим во подножјето на планината Караорман.
Историја
[уреди | уреди извор]На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
[уреди | уреди извор]Во 2011 година Електрани на Македонија разработила проект да гради хидроцентрала на езерото Глобочица. Пумпно-реверзибилната хидроцентрала Ташмаруниште, чија инсталирана моќност треба да биде вкупно 225 мегавати, ЕЛЕМ планирала да ја користи за балансирање на енергијата. Се проценува дека оваа електрана годишно би произведувала 231 гигават-часови електрична енергија, со можност итно да обезбеди струја во следните 20 часа од вклучувањето.[2]
Население
[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Ташмаруништа живееле 470 жители, од кои 400 Македонци и 70 Албанци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ташмаруништа имало 400 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Таш-Моруништа е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 48 куќи.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[6]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 210 жители, од кои 209 Македонци и 1 останат.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 173 жители, од кои 166 Македонци, 1 останат и 6 лица без податоци.[8]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 470 | 400 | 523 | 529 | 588 | 419 | 229 | 198 | 210 | 210 | 173 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
[уреди | уреди извор]Ташмаруништа е македонско село.
Доселеници: Магаревчани или Крстановци (10 к.) доселени се од селото Магарево, Битолско. Од овој род потекнувал Ставре Крстаноски, селски учител од пред крајот на турското владеење; Великарди (3 к.) доселени се од некое место во Црна Гора; Тоски (7 к.) доселени се од некое место во јужна Албанија; Уруми (5 к.) доселени се од некое место во денешна Грција; Огњановци (5 к.) доселени се, но не знаат од каде; Сулевци (2 к.) и Зенговци (2 к.) потекнуваат од муслимански Роми, кои се женеле за две православни сестри (Македонки).[13]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
- Староседелци: Петревци (9 к.), Трајчевци (6 к.) и Огненовци (9 к.)
- Доселеници: Костовци (11 к.) по преданието се Црногорци. Пред повеќе од 260 избегале од Црна Гора поради крв, најпрво во Матија во Албанија. Па од таму 50 години потоа се доселиле во Ташмаруништа; Уруми или Столевци или Марковци (15 к.) доселени се после претходниот род од некое место во Грција; Тоски или Јаковчевци (5 к.) доселени се пред околу 200 години од околината на Корча во јужна Албанија, по кое и го добиле името Тоски; Чупевци (1 к.) доселени се од селото Глобочица, каде припаѓале на родот Мечкаровци.[14]
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Цркви[15]
- „Св. Архангел Михаил“ — главната селска црква,
- „Св. Димитрија“ — осветена на 20 октомври 1996 година,
- „Св. Мина“ — осветена на 31 август 2003 година,
- „Св. Недела“ — осветена на 14 септември 2003 година,
- „Св. Харалампије“ — камен-темелник осветен и поставен на 24мај 2007 година.
- „Св. Петка“ — осветена на 31 август 2003 година,
Познато е по вредните црковни храмови како што се црквата „Св. Архангел Михаел“ стара повеќе од 150 години и ранохристијанската базилика „Св. Мартинија“.[16]
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Археолошки наоѓалишта[17]
- Главје — средновековна населба и топилница,
- Градиште — утврдена населба од римско време,
- Млака — сакрален објет и некропола од доцноантичко време,
- На Чука — сакрален објект од доцнохристијанско време,
- Св. Димитриј — сакрален објект од доцноантичко време,
- Св. Мартиниј — сакрален објект од доцноантичко време.
Редовни настани
[уреди | уреди извор]Личности
[уреди | уреди извор]- Родени
- Ристо Тасев (? - 1903) — војвода на селската чета во Ташмаруништа на ВМОРО, загинува на 4 август за време на Илинденското востание, заедно со својот брат Наум во бој со турската војска[18].
- Цветко Тасев (? - 1906) — македонски револуционер од ВМОРО
- Иван Василоски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Глигур Тасев Крстаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Андрија Наумоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Симун Несторовски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Богдан Петрески — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Петко Столески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Спасе Стрезов Трајкоски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Климо Цветаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
- Починати
- Пантелеј Томовски (1872 - 1936) — македонски револуционер
Култура и спорт
[уреди | уреди извор]- ФК Ташмаруништа
- Забавен и спортски парк „Св. Василија“
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
- Од Петревци иселеници има во: Јабука кај Банат, Војводина (едно семејство од 1946 година).
- Од Огненовци има во: Романија (едно семејство од 1905 година), Качарево во Војводина (две семејства од 1946 година) и во Белград (две семејства од 1928 година).
- Од Костовци има во: Романија (едно семејство од 1923 година), Белград (едно семејство од 1928 година), Зрењанин (едно семејство од 1938 година) и во Јабука во Војводина (едно семејство од 1946 година).
- Од Столевци или Марковци има во: Банат во Војводина (едно семејство од 1929 година), Суботица (едно семејство од 1908 година), Крајова во Романија (едно семејство од 1913 година), Вишни (како домазет од 1920 година), и во Гудурица во Војводина (едно семејство од 1946 година).
- Од Јаковчевци има во: Тракија во Бугарија (едно семејство од 1918 година), Белград (едно семејство од 1937 година), Јабука кај Војводина (две семејства од 1946 година) и во Гудурица во Војводина (едно семејство од 1946 година).
- Од Чупевци има во: Вевчани (како домазет од 1904 година) и во Зрењанин (едно семејство од 1946 година).[14]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Поповска, Катерина (28 јули 2011). „ЕЛЕМ ЌЕ ГРАДИ ХИДРОЦЕНТРАЛА НА ГЛОБОЧИЦА“. Капитал. Посетено на 2011-08-30.[мртва врска]
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 253.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 162-163.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
- ↑ 14,0 14,1 Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Ташмаруништа. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
- ↑ „Цркви во Драслачката парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2011-08-30.
- ↑ „Во струшко Ташмаруништа откриени вредни предмети од 6 и 7 век п.н.е“. Сител. 4 јуни 2010. Посетено на 30 август 2011.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 399-400. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 164
- ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том II, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ 21,0 21,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ 23,0 23,1 . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ташмаруништа“ на Ризницата ? |
- Хидроцентрала ќе се гради во струшко Ташмаруништа?
- Во струшко Ташмаруништа откриени вредни предмети од 6 и 7 век п.н.е