Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ташмаруништа
Свети Архангел Михаил | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Дебарско-кичевска |
| Архијерејско намесништво | Струшко |
| Парохија | Четврта струшка |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°16′10″N 20°38′27″E / 41.26944°N 20.64083°E |
| Место | Ташмаруништа |
| Општина | Струга |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Архангел Михаил |
| Изградба | 19 септември 1858 |
| Завршено | 1863 |
| Осветување | 21 ноември 1890 |
| Архитектонски опис | |
| Архит. тип | еднокорабна |
Свети Архангел Михаил — главна селска црква во струшкото село Ташмаруништа, Македонија.[1][2]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на рамнина пониско од селото, околу која се наоѓаат гробиштата со стари дабови.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Јован Трифуноски има запишано дека црквата потекнува од 1860 година,[3] но според натписна табла поставена на самата црква се дознава дека камен-темелникот бил поставен на 19 септември 1858 година. Ова го пишувало и на самиот ктиторски натпис.[4] Нејзината изградба завршила во 1863 година, а била осветена на 21 ноември 1890 година.
Во 1922 година, на западната страна биле доградени припратата и камбанаријата.[5]
Во 2009 година во периодот помеѓу 30 август и 5 септември, црквата била цел на кражба, каде биле украдени девет икони и две позлатени царски порти.[6]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата е еднокорабна, при што околу нејзе се изградени повеќе придружни објекти. Црквата е во добра состојба.[5] Градена е како еднокорабна базилика од кршен камен со широка калота над наосот и нема никакво декорирање на фасадите.[4]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]Во црквата има живопис, кој е насликан во поново време, односно во 1990-тите години. Истиот е присутен само во куполата и во пандатифите и е во добра состојба.[5]
Икони и иконостас
[уреди | уреди извор]Црквата содржи вредна колекција на икони од Дичо Зограф. Иконите на Свети Јован Претеча и Архангел Михаил се потпишани и потекнуваат од 1862 година.[7]
Икононите на иконостасот се довршени во 1870 година од браќата Јосиф и Јаков Мажовски.[8]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта
- Базен за верски обреди
- Летниковец
- Чешма
- Камбанаријата
- Јарбол со знамето од Кутлеш
- Година 1999 на црквата
- Натписна плоча
- Влезот на припратата
- Ниша над споредниот влез
- Споредниот влез
- Апсидата
- Поглед на црквата
- Јужната страна
- Помошниот објект
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Струшко архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-04. Посетено на 2010-05-17.
- 1 2 Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Белград: Српска академија на науките и уметностите. стр. 205. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
- 1 2 Грозданов, Цветан (2009). Христијански светилишта во село Ташмаруништа. Вера Битракова -Грозданова. Музеј на Струга.
- 1 2 3 „Св. Архангел Михаил“. monitoring.icomos.org.mk. Посетено на 2026-08-20.
- ↑ „Ограбена црквата во Ташмаруништа“. Утрински Весник. 9 септември 2009. Посетено на 2011-08-30.
- ↑ „ИКОНОПИСНОТО ТВОРЕШТВО НА ДИЧО ЗОГРАФ ВО СКОПЈЕ И СКОПСКИОТ РЕГИОН“. preminportal.com.mk. Посетено на 2026-08-20.
- ↑ Прилози, том 38, бр. 1-2. МАНУ. 2007. стр. 102.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Црква „Св. Архангел Михаил“ - Ташмаруништа“ на Ризницата ? |


